Connect with us

Останато

Штеди со план во месецот на штедење преку пензиските фондови на Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје месец октомври редовно го одбележува како месец на штедење. По тој повод од Сава пензиско друштво а.д. Скопје ги охрабруваат граѓаните да се запознаат повеќе со работата и резултатите кои ги постигнува друштвото, управувајќи со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус.

Овој октомври, време е да размислите да намените дел од своите примања за почеток на Вашето пензиско штедење во доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус. Преку агентите на друштвото информирајте се за флексибилните услови, даночните бенефиции и направете го вашиот пензиски план.

Преку вложување во  доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус имате можност да ја надополнете пензијата од првиот и вториот пензиски столб и преку дополнително штедење да си осигурете повеќе примања за старост.

Дополнително, доколку си член во задолжителниот пензиски фонд Сава пензиски фонд, ажурирај ги своите лични податоци и одбери годишните извештаи за пензиска заштеда да ги добиваш на твојата електронска пошта.

Традиционално, месецот на штедење Сава пензиско друштво а.д. Скопје го одбележува во повеќе градови низ државата во експозитурите на Сава осигурување а.д. Скопје и НЛБ Банка АД Скопје кои се деловни соработници на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Дали си ти #ШтедачотСоПлан? Посети некое од продажни места на Сава пензиско друштво и информирај се за придобивките од задолжителното и доброволното пензиско осигурување.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

Останато

ОЕЦД: Економското закрепнување од пандемијата на Ковид-19 ќе трае долго

Објавено

на

„За првпат од почетокот на пандемијата, има надеж за подобра иднина“, напиша главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун во новата прогноза за економскиот развој на Организацијата за економска соработка и развој. Но, тој додава дека патот до закрепнување ќе биде полн со опасности и ќе трае подолго за некои земји отколку за другите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Усвоени законските измени за државна гарантна шема и за основање фондови за развој на стопанството

Објавено

на

Министерството за финансии на својот Фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка, со што се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на развојот на стопанството. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Самит Македонија 2025: Технолошкиот развој и вложувањето во човечкиот капитал клучни за економскиот развој

Објавено

на

Зголемувањето на технолошкиот развој и конкурентноста на компаниите, инвестирањето во капитални проекти и вложувањето во човечкиот капитал треба да бидат во фокусот на државата за да се постигне забрзан економски раст и да се подобри животот на граѓаните. Од голема важност е и учеството на дијаспората и нивното инвестирање во сопствената држава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно