Connect with us

Депозити

Штеди паметно и сигурно – 2,3% камата за орочени депозити во евра со ПроКредит Банка

Објавено

на

Поттикнување на културата за штедење, инвестирање во финансиска едукација и одговорно банкарство, се главните постулати кон кои безусловно е посветено работењето на ПроКредит Банка.

Имајќи го предвид фактот дека ПроКредит Банка е единствената банка на пазарот која поседува кредитен рејтинг од меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings, која и оваа година го потврди високиот кредитен рејтинг ’’БББ-‘’, штедачите можат да бидат сигурни дека нивните орочени депозити ќе бидат стабилни и безбедни. Показател за довербата која што ја имаат клиентите во банката е значителното зголемување на депозитната база од 17%, над 17% раст на бројот на бизнис клиенти и над 12% на физички лица. Покрај тоа, високиот квалитет на кредитно портфолио со ниско ниво на нефункционални кредити од 1,78% е уште еден показател за квалитетното работење на банката.

Во најновата кампања, ПроКредит Банка нуди најатрактивна каматна стапка на пазарот за орочени депозити во евра. Покрај сигурната заштеда за иднината, орочениот депозит на ПроКредит Банка носи и дополнителни поволности за клиентите:

  • Фиксна и загарантирана каматна стапка до крајот на периодот на орочување
  • 2,2% за евра за период од 25 месеци, и 2,3% за евра за приматели на плата во ПроКредит Банка
  • Исплата на каматата на месечно ниво
  • Можност за орочување на заштеда директно преку е-банкарство
  • Високо-професионална услуга и поддршка од личен банкарски советник
  • Сигурна заштеда во општествено одговорна банка која инвестира во зелени проекти

Она по што ПроКредит Банка е препознатлива и високо вреднувана од своите клиенти е фактот што е целосно дигитализирана банка, па токму дигиталните банкарски услуги, меѓу кои и можноста за орочување на заштеда директно преку платформата е-банкарство. Сепак, иако сите операции се изведуваат дигитално, можноста за персонализиран пристап кон секој еден клиент останува она по кое ПроКредит се издвојува од останатите.

„Како единствена банка која е целосно дигитализирана, овозможуваме квалитетна 24/7 поддршка на нашите клиенти. Од отворање трансакциски и штедни сметки онлајн, па сè до потпишување на договори, ПроКредит нуди целосно дигитализираниот процес, со професионална и квалитетна услуга за секој клиент. Индивидуалниот пристап и личниот банкарски советник по кој сме препознатливи нè прави прв избор за младите инвеститори, за малите и средните претпријатија и воедно за сите поединци кои имаат потреба од професионален, квалитетен и достапен партнер“, велат од ПроКредит банка.

Повеќе информации за промотивните депозити може да најдете на веб страницата на ПроКредит Банка: https://www.pcb.mk/aplikacija-za-otvoranje-orocen-depozit.nspx

Депозити

Повисоки каматни стапки од Комерцијална банка за остварување поголеми заштеди

Објавено

на

Комерцијална банка, како столб на довербата на штедачите во земјава, од 15.03.2023 година ќе ги зголеми каматните стапки и ќе им овозможи на своите клиенти заштеди со уште поголеми приноси. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Комерцијална банка ќе изврши промена на тарифата на надоместоци за услугите што ги врши за валута швајцарски франци

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека почнувајќи од 01.05.2023 година, банката ќе изврши промена на тарифата на надоместоци за услугите што ги врши за валута швајцарски франци (CHF), и тоа: (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Предрасуда е дека жените и штедењетo не одат заедно!

Објавено

на

Ако сте една од оние жени кои ги превземаат работите во свои раце, мислат на иднината и сакаат да вложуваат, овој текст сигурно е за Вас! (more…)

Продолжи со читање

Популарно