Connect with us

Депозити

Штеди и уживај во сите сезони со летниот депозит на Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка го промовираше својот Летен депозит под наслов Штеди и уживај во сите сезони!

Латниот депозит Ви овозможува штедење со одлични каматни стапки за штедење во МКД на 12 и 24 месеци.

Одберете и штедите сигурно и безбедно по следниве услови:

  • 12 месеци – 2,45% годишна фиксна каматна стапка;
  • 24 месеци – 2,70% годишна фиксна каматна стапка и 2,80% годишна промeнлива каматна стапка.

Исплата по истекот на периодот на орочување.

Без ограничување за минимален износ на орочување, но со максимален износ на орочување до 1.800.000 МКД.

Како депоненти може да се јават сите физички лица резиденти и нерезиденти. Доволно е да ја посетите најблиската експозитура или шалтер на Капитал Банка и со документ за идентификација да се информирате за сите Ваши бенифиции од орочување на средства во Капитал Банка.

За повеќе информации слободно обратете се во експозитурите на Капитал Банка или побарајте на телефонскиот број 02/3102 508.

Депозити

„Зимски депозит” на УНИБанка нуди фиксна камата од 3,30 % за физички лица

Објавено

на

Во годините после финансиската криза централните банки низ светот остро ги намалија каматните проценти во обид да го стимулираат стопанскиот раст, инвестициите и вработеноста. Во некои држави оваа стратегија проработи успешно, а во други не сосема, но така или вака, мнозинството од економистите и пазарните аналитичари се на мислење дека ерата на „нулта каматите” веќе е на својот крај.

Согледувајќи ги овие особености, банките во Македонија почнаа да нудат различни производи со атрактивни услови. Современиот живот стана сѐ поинтензивен и забрзан и корисниците имаат потреба од комплексни услуги, кои ги задоволуваат нивните барања и ги решаваат нивните проблеми во различни правци. Овие факти им се добро познати на финансиските институции, кои вешто ги ловат желбите на корисниците.

Новиот „Зимски депозит” од „Уни банка” ги обединува предностите на неколку производи, со тоа што истовремено нуди највисока профитабилност на пазарот во моментов. Влогот е со флексибилни услови, се нуди со различни рокови и варијанти за користење, при што со депозит за рок од 36 месеци, клиентот ја добива највисоката понудена камата на банкарскиот пазар кај нас – 3,30%. Каматата е фиксирана во текот на целиот период на депозитот.

Зимски депозит” е производ за физички лица во евра и во денари. Каматата за депозитот е непроменлива до крајот на рокот на депозитот, кој може да се избира согласно желбата на клиентот: 36, 24 или 12 месеци. Минималната големина на влогот е утврден во висина од 5.000 евра/300.000 денари, со тоа што износот може да се зголемува без ограничувања во текот на целиот период на договорениот рок.

Високата профитабилност доаѓа во текот на февруари со новиот производ на „Уни банка” заедно со уште неколку бонуси, од кои клиентите можат да имаат корист. Со „Зимски депозит” вложувачите добиваат бесплатно електронско и мобилно банкарство, бесконтактна кредитна картичка со ограничување до 30.000 денари и бесконтактна дебитна картичка со можност за користење на пречекорување до 30.000 денари. Предноста на производот, е и опцијата за електронско и мобилно следење на профитабилноста на депозитот во секој момент од страна на клиентите.

Продолжи со читање

Депозити

Нов депозит „Среќна среда” од Халкбанк

Објавено

на

Некои велат, среда е денот на среќата. Но, зошто токму среда? Постојат истражувања кои велат дека секаква умствена активност во денот среда, како читање, пишување, разговарање, би се одвивала со посебен фокус и внимание. Оттука, не случајно и се користи терминот „среќна среда“, а пак Халкбанк воведува нов промотивен депозит кој ќе биде активен токму секоја среда, и тоа со посебни услови. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Стопанска банка а.д. Битола подарува прочистувачи, но само за клиентите од Битола!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола придонесува кон грижата за здравјето на своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange