Connect with us

Домашни банки

Штедиме и учиме за безбеден сообраќај со Тиби и Штуки од НЛБ Банка

Објавено

на

Во рамките на „НЛБ Месецот на штедење” НЛБ Банка организира акција за цртање на тема „Штедиме и учиме за безбеден сообраќај“.

Целта на овие активности е да се поттикнат дечињата да штедат, да ги споделат своите и да откријат нови идеи за штедење.

Активностите траат од 25.09.2018 до 25.10.2018.

Во „НЛБ Месецот на штедење“ можат да учествуваат сите дечиња на возраст од 5 до 15 години во Република Македонија.

Секој учесник треба да нацрта цртеж на тема „Штедење“ или „Сообраќај“.

Учество во “НЛБ Месецот на штедење” се остварува со доставување на цртеж на тема „Штедиме и учиме за безбеден сообраќај“ најдоцна до 25.10.2018 г. до НЛБ Банка на еден од следните начини:

• Прикачување на цртежот на веб страницата stedenje.nlb.mk согласно со инструкциите дадени на самата веб страница,

• Во некоја од експозитурите на НЛБ Банка или

• Преку пошта на адреса: НЛБ Банка АД Скопје, ул.Мајка Тереза 1, 1000 Скопје.

На сите творби, од задната страна, треба да биде означено името, презимето, датата на раѓање, училиштето во кое учи детето, адресата на живеење, и телефонски број за контакт. За учество во “НЛБ Месецот на штедење” учесниците треба да достават писмена согласност од родител/старател која треба да вклучува:

• име и презиме на родителот/старателот;

• изјава дека родителот е запознаен со правилата за учество во оваа акција;

• изричита согласност за учество на малолетникот во акцијата и

• лични податоци за учесникот (име, презиме, дата на раѓање, адреса на живеење) со вклучена согласност личните податоци на малолетникот да бидат обработувани и објавени од страна на НЛБ Банка за потребите на акцијата.

Можете да се пријавите на следниот линк.

Домашни банки

ОФИЦИЈАЛНО: “УНИБанка” издаде перпетуална обврзница по пат на приватна понуда

Објавено

на

На 11.01.2019 година, УНИБанка преку Македонска берза објави дека банката донесе одлука за издавање на капитален инструмент по пат на приватна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје ги извлече добитниците од наградната игра ,,Халквантура”

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје на ден 16.01.2019 година во просториите на Деловниот Центар на Халкбанк АД Скопје во Скопје ги извлече добитниците на награди од наградната игра ,,Халквантура’’. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange