Connect with us

Останато

Штедилница Можности се грижи за своите корисници

Објавено

на

Штедилница Можности е активна на македонскиот финансиски пазар веќе 22 години. За сите овие години, таа е препознаена како институција која се грижи за своите клиенти и овозможува лична грижа за корисниците преку експозитурите. Службеникот за односи со клиенти се грижи за своите кленти во текот на целиот деловен процес, односно од подигање на кредит до затворање на истиот или од отварање на депозит сé до негово затворање. Штедилницата има имплементирано пракси за одговорно кредитирање и сите политики и процедури се сетирани на начин да го спречат презадолжувањето на клиентите, односно се стреми да изгради структура на кредити која нема да го загрози месечното функционирање на клиентот.

Во денешно време на прилично изедначени цени на банкарските производи и услуги, она што ги диференцира финансиските институции меѓу себе се флексибилноста, односно брзината на прилагодување кон барањата и потребите на клиентите, стручноста на вработените, достапноста до клиентите, брзината и квалитетот на услугата. Сето ова Штедилницата го овозможува преку личната грижа за корисниците.

Клиентите преку експозитурите добиваат брзи и едноставни услуги на едно место, како и сите потребни информации, услуги и совети кои ги задоволуваат нивните финансиски потреби. Службениците за односи со клиенти нудат помош при пополнување и комплетирање на потребната документација, како и при изготвување на бизнис-планот. Процесот од аплицирање до исплата се финализира за максимално 1-3 дена кај физички лица и 3-5 дена кај правни лица. Исто така, клиентите се заштитуваат од активности и трошоци, со обезбедување на одредена документација по електронски пат. Клиентите се секогаш навреме известени за сите новости во работењето на Штедилницата и клиентите добиваат редовни информации за сите доспевања на депозити и кредити.

Преку Системот за поплаки од клиенти, Штедилницата ги разрешува пристигнатите поплаки максимално за 7 дена.

Службениците за односи на клиенти се секогаш достапни за клиентите на телефон, емаил и сл.

Сите овие активности, за клиентите се обезбедуваат без дополнителни трошоци и провизии.

За подетални информации за кредитни продукти и услови за депозити на Штедилницата , може да се добијат во експозитурите или на веб-адресата: www.moznosti.com.mk.

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Значајно подобрена борбата против финансискиот криминал

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Директорот информира дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 3 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на Буџетот на РМ во износ од 293 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange