Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Штедилница Можности отвори “Facebook” профил!

Објавено

на

Штедилница Можности отвори корпоративен Facebook профил за полесна и подостапна комуникација со своите постоечки и потенцијални клиенти.

На 30 септември е поставена првата објава на профилот, а оттогаш Штедилница Можности е отворена за комуникација преку оваа социјална мрежа.

Модерното време им налага на компаниите кога размислуваат за својата иднина, во никој случај да не ги игнорираат социјалните медиуми, бидејќи просечниот корисник на социјалните медиуми дневно поминува приближно 3 часа и 25 минути на некоја од социјалните мрежи.

Социјалните медиуми во поново време се примарен канал преку кој потрошувачите комуницираат со инвеститорите и вработените, односно споделуваат информации во денешниот дигитален свет. Доколку компаниите не се присутни на социјалните медиуми, тие пропуштаат неверојатна можност.

Исто како што потрошувачите ги споделуваат мислењата за рестораните и хотелите онлајн, исто така, тие објавуваат искрени мислења за финансиските производи и услуги. Споделените мислења се исклучително јавни и главно водени од личното искуство на корисникот.

Домашни банки

УНИБанка оствари добивка од 161,9 милиони денари за 9 месеци во 2019 година

Објавено

на

УНИБанка заклучно со третиот квартал од 2019 година, делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во усвоениот бизнис план за 2019 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје со негативен финансиски резултат го заокружи третиот квартал од 2019 година

Објавено

на

Податоците од финансискиот извештај за работењето во третото тримесечје од 2019 година, објавен на Македонска берза покажуваат дека Централна кооперативна банка АД Скопје има остварено негативен финансиски резултат, кој е послаб во однос на истиот период од минатата година, кога банката забележа добивка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје се соочува со лажен Фејсбук профил и лажни награди

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден се појави лажна Facebook страна со име “Stopanska banka AD”, која се обидува да прибере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange