Останато
Штедилница Можности дел од хуманитарна активност насочена кон здравствените работници


Над 700 здравствени работници од Универзитетските клиники за детски болести и за гинекологија и акушерство, на почетокот на мај 2020 година добија 1462 медицински одела како донација од Штедилницата Можности, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
На овој начин овие три организации со долгогодишни практики на општествена одговорност им излегуваат во пресрет на сѐ поголемите потреби на здравствените работници за заштитна облека што произлегува од кризата предизвикана од вирусот Ковид-19.
Медицинските одела се сошиени во текстилна фабрика во земјата, со што истовремено се придонесува и кон задржување на работните места во услови на пад на економската активност во земјата. Придонес ќе има и државниот буџет со тоа што организациите нема да бараат враќање на ДДВ, согласно регулативата за донации од јавен интерес.
Солидарноста воопшто, а особено солидарноста кон оние кои се најизложени во борбата против пандемијата, е една од клучните вредности кои ги негува Штедилница Можности.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје