Connect with us

Домашни банки

Штедилница Можности дел од настанот „Денови на финансиска едукација”

Објавено

на

Под мотото „“Едуцирај се, забавувај се“, Штедилница Можности зема учество на централниот настан по повод “Денови на Финансиска писменост” што се одржа пред платото на Министерство за финансии на 28.05.2019 година.

На настанот со инфо-пултови учествуваа институциите од Телото за финансиска едукација, односно Министерството за финансии, Народната банка, Агенцијата за супервизија на осигурување, Комисијата за хартии од вредност и МАПАС. Учествуваа и банки, осигурителни друштва, штедилници и други финансиски компании кои ја поддржаа акцијата.

Штедилница Можности се претстави со свој штанд каде на присутните се промовираа услугите и производите кои ги нуди компанијата, со посебен акцент на новата услуга за е-банкинг.

На настанот како гости беа повикани и основните и средните училишта, а вработените од компанијата ги запознаа со делокругот на работење на штедилницата каде учениците на кратко имаа можност да научат што претставува штедилницата како финансиска институција, што нуди на своите клиенти, што се штедни влогови и кредити и сл.

Целта на настанот е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.

Со учество на настани од ваков тип, Штедилница Можности едуцира и советува преку својот компетентен персонал, а ги презентира и своите производи и услуги кои постојано ги унапредува, сè со цел задоволување на потребите на клиентите.

Домашни банки

Започна интеграцијата на Шпаркасе банка и Охридска банка предводена од Ассеко СЕЕ

Објавено

на

Ассеко СЕЕ доби комплексен проект во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со чија имплементација се очекува две од најдобрите пет банки во Северна Македонија, Шпаркасе Банка и Охридска банка да се спојат во една банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Од 21.09.2020 година (понеделник) Шпаркасе Банка ќе прифаќа фактури само во хартиена форма

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги известува сите деловни партнери и соработници дека Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба престанува со важност на 20.09.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка овозможува тргување со акции без провизија на денешниот „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берза

Објавено

на

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата денес одржува т.н. „Инвеститорски ден“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно