Домашни банки
Штедилница Можности воведува низа мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите од коронaвирусот


Во согласност со препораките и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија поврзани со спречување на ширење на КОВИД19 или попознат како Kоронa вирус, Штедилница Можности воведува низа мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите на Штедилницата.
Во таа насока, Штедилница Можности ве советува:
– ограничете ги Вашите посети во експозитурите и централата на Штедилницата. Доколку имате неодложна потреба, имајте во предвид дека на сите локации на Штедилницата се обезбедени средства за дезинфекција кои може да ги користите при посетата.
– избегнувајте директен и близок контакт, ракување и долго седење во просториите на Штедилницата, или во било какви затворени простории, а посебно простории каде има значителна фрекфенција на луѓе.
– На располагање Ви стојат вработените во Штедилница Можности кои може да ги контактирате на телефонските броеви на експозитурите, или на мобилните телефони со кои располагаат, објавени на веб страницата на Штедилницата.
– користeте го електронското банкарство на Штедилницата за било какви информации во врска со Вашите кредити или депозити. Користете ги веб страната и официјалната Facebook страна на Штедилницата за било какви информации во врска со локација, работно време, контакт телефони и слично.
Штедилница Можности се грижи за Вас и за Вашата безбедност и Ви стои на располагање за сите Ваши потреби.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје