Connect with us

Домашни банки

Штедилница Можности беше дел од најпосетениот и јубилеен 15-ти Скопски маратон 2019!

Објавено

на

Штедилница Можности беше дел од 15-то јубилејно издание на Скопскиот маратон кој се одржа во Скопје во саботата, на 4-ти мај, а учествуваа рекорден број од над 12.000 маратонци од целиот свет.

Тимот на штедилница Можности го сочинуваа триесет и еден вработен кои зедоа учество во трката на 5 км и полумаратонот (21 км) и сите успешно завршија на целта. Учествуваа вработени од дирекцијата во Скопје, како и вработени од повеќе од половината од  експозитурите како: Кочани, Кичево, Куманово, Велес, Струмица, Скопје-ГТЦ и Скопје-Аеродром.

Александар Кираџиев, вработен во Штедилница Можности, а воедно и професионален маратонец и оваа година ја одбрани титулата Национален шампион по петти пат во земјава и шестопласиран во целокупна конкуренција. Тој ја мина трката за време од 2 часа 37 минута и 41 секунда.

Сите заедно, и оние кои учествуваа на трката, и останатите вработени кои дојдоа како поддршка под боите на Штедилница Можности, придонесоа за промовирањето на спортскиот дух.

Дружбата на вработените од спортските патеки се пресели во локален бар каде што се собраа учесниците маратонци и тимот за бодрење. Сите добија признанија од управителот на штедилницата за покажаниот спортски и тимски дух.

Штедилница Можности го спонзорираше учеството на сите свои вработени – учесници, а ги поддржа и со соодветна брендирана опрема за трчање,  докажувајќи се како општествено одговорна компанија која со својата визија и мисија успешно ги спојува  грижата за своите вработени и поддршката на настани од спортски карактер.

Во продолжение погледнете ја галеријата од маратонците на Штедилница Можности!

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Второ место за Комерцијална банка на машкиот хуманитарен велеслалом во Маврово

Објавено

на

Кире Солески од Комерцијална банка АД Скопје го освои второто место на хуманитарниот аматерски велеслалом во конкуренција на 84 натпреварувачи од компании од земјава. Манифестацијата по 18-ти пат се одржа во организација на ски-центарот „Заре Лазаревски“ во Маврово од 21 до 23 февруари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија и ЕБОР ја продолжуваат успешната соработка за кредитите за енергетска ефикасност

Објавено

на

Денес, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон, Шпаркасе Банка Македонија и Европската банка за обнова и развој потпишаа два договора во вкупен износ од 5 милиони евра, за продолжување на соработката во финансирањето на станбени кредити и поддршка на инвестициите во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за зградите во приватна сопственост, вклучувајќи и објекти за домување во Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно