Connect with us

Лични финансии

Штедењето ја подобрува менталната стабилност

Објавено

на

Сите знаеме дека постојаното штедење може да направи чуда за нашите банкарски сметки, но што е со нашите умови и расположенија? Со додавање на пари на сметката, како се менуваат нашите личности? Нашиот поглед на животот? Нашите нивоа на стрес? Психолошки гледано, штедењето ја подобрува менталната стабилност на повеќе начини.

Дисциплина.

До висока сметка во банка не се доаѓа случајно, треба да се вложи многу труд за тоа. Во време кога конзумеризмот го достигнува својот максимум, и можеме да купиме било што со само два клика, многу е важно да знаете да кажете “не”.

Мир на умот.

Кога една личност има долгови, таа се вознемирува, односно постојано размислува и за иднината и како да ги врати долговите. Со штедењето ситуацијата е обратна, тоа овозможува безгрижност.

Самодоверба.

Успешното штедење ја гради самодовербата на два важни начини. Прво, го зајакнува фактот дека навистина може да постигнете нешто кога ќе го поставите како своја цел. И второ, заштедата обезбедува капитал за да се завршат работите кога е потребно, да не мислите на пари во кризни ситуации.

Оптимизам.

Гледајќи ја сопствената штедна сметка како се зголемува со текот на времето, значи дека ние сепак работиме за нешто. Колку и да ни се мали моменталните примања, зголемувањето на штедната книшка ни дава надеж дека можеме да имаме поголеми приходи во иднина.

Чувство на слобода.

Да се биде редовен во штењето, е успех за секој индивидуалец. Чувството на слобода доаѓа во моментот кога индивидуалецот ќе ја разбере важноста на финансиската независност. Тоа е моментот кога имате доволно пари за сега и до крајот на животот удобно да живеете. Сами да изградите сметка каде што букавално нема да зависите од никого (родители, пријатели, партнер, работодавач) и од ништо.

Лични финансии

7 паметни начини за заштеда на пари за Нова година

Објавено

на

Радост, среќа… тоа се само два збора кои писателите ги користат кога сакаат да го опишат периодот што доаѓа. Но, има и сериозни финансиски импликации. Повеќето од нас, ќе потрошат поголема сума на пари за време на празниците. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Ако го “хакнеме„ Black Friday ќе успееме да заштедиме пари

Објавено

на

Додека продажбата на Black Friday веќе може да се викаат “Масивни попусти”, секогаш има повеќе што може да се стори за да се задржат парите цврсто во вашиот џеб. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Кредитна картичка – дар или проклетство?

Објавено

на

Кога работите да ја изградите или обновите вашата кредитна историја, како користите кредитна картичк е најважно пред сè. Важно е да го користите кредитот на вистинскиот начин да се изгради и одржува добар кредитен рејтинг. За жал, кредитни картички не доаѓаат со прирачник што ви кажува како да ги користите одговорно. Можеби веќесте научиле на потешкиот начин за опустошувачките ефекти од злоупотребата на кредитот, но никогаш не е предоцна да се започне одново. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange