Connect with us

Депозити

Штедењето станува актуелно со погодните услови за онлајн депозитот на ХалкБанк

Објавено

на

Штедењето повторно станува актуелно со тоа што се создадени и понудени нови производи што го прават штедењето лесно и едноставно. ХалкБанк неодамна, токму во месецот на штедењето го лансираше онлајн депозитот – едноставен и лесен начин за оручување на средствата и нивно зголемување до саканиот износ.

Атрактивноста и податливоста на онлајн депозитот е лесната достапност, односно граѓаните само со неколку клика и без дополнително трошење време, преку платформата за електронско банкарство можат да го започнат процесот на штедење. Банката, со новиот онлајн депозит, до толку го има поедноставено штедењето што потребно е само граѓаните да бидат корисник на услугата Електронско банкарство на ХалкБанк и да имаат желба за штедење.

Може да се штеди во денари или во евра, а средствата може да се орочат на шест, дванаесет или на дваесет и четири месеци. Каматните стапки се движат од 0,70% за 6 месечно орочување во денари, односно 0,40% ако се штеди во девизи. За орочувањето на една година, каматата за штедење во денари е 1,40% а за девизи е 0,70%, додека пак за депозит орочен на две години каматата за денарско штедење е 2,10% а 1,30% за девизно. Минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка, вклучувајќи го и кредитниот лимит.

Производот е наменет за физички лица и може да се отвори единствено преку платформата за електронско банкарство. Договорот за електронско орочување на депозит од страна на клиентот и Банката се потпишува во електронска форма со употреба на VASCO токен (e- signature) функционалност со Cronto image. Онлајн депозитот се води како посебна сметка, депозитна партија за која не е потребно издавање на штедна книшка. Средствата се орочуваат на e-bank а разорочувањето на депозитот е во филијалите односно експозитурите на банката.

Со поедноставување на процедурите за отворање штедна сметка, ХалкБанк покрај што им овозможува на граѓаните лесен и едноставен начин за штедење, уште и им овозможува да го вложат своето слободно време во вистински важните работи во животот.

Депозити

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,01 до 0,40 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 7.7.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Комерцијална банка АД Скопје од 1-ви јули ги намали каматните стапки на депозитите

Објавено

на

Почнувајќи од 01.07.2020 година, Комерцијална банка АД Скопје ги намали каматните стапки на дел од орочените денарски депозити на правни лица со фиксна каматна стапка (за договори склучени по 01.10.2017 година) и на дел од орочените денарски депозити на правни лица со прилагодлива каматна стапка (за договори склучени пред 01.10.2017 година) за 0,20 п.п. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

ПРОМО ФИКС – промотивни депозити од ТТК Банка во денари и евра на 15 и 25 месеци

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје нуди промотивни депозити – ПРОМО ФИКС со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 и 25 месеци, во промотивниот период од 20 мај до 30 септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно