Депозити
Штедењето е знак на свесност, но и на доверба и сигурност

На Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Халкбанк АД Скопје ги сумира досегашните активности, меѓу кои и оние преку Детското штедење Халки, со кои се поттикнува и вложува во финансиската писменост од најмала возраст.
„Октомври беше во знакот на нашето препознатливо штедливо слонче Халки, големиот пријател на децата. Настаните организирани од неговиот тим се многу посетени, пред сè, поради нивниот забавен и весел карактер. Така на игрив и креативен начин ги поттикнуваме и едуцираме децата за штедењето, а преку нив и нивните родители, наставници и сите повозрасни. Тоа пак вродува со постојана доверба кон нашата банка и постојан интерес за нашите производи и депозити” – велат од Халкбанк.
„Оваа година, освен за штедењето пари, во знакот на глобалните случувања, многу зборувавме и за штедењето на енергетските извори, за штедењето струја, вода и за чувањето на ресурсите на планетата Земја. Спроведовме и неколку кампањи кои наидоа на добар прием во јавноста. 31 Октомври го дочекуваме и со реализација на една наша голема желба – прекрасната Халки креативна работилница во Зоолошката градина. Ова е наш подарок за сите деца и сите посетители. Се надеваме дека ова ќе биде место за дружби, креативно изразување, но и многу нови научени работи. Меѓу нив е и за важноста на штедењето како процес на свесност за себе и за другите, но и доверба и сигурност кон банкарскиот систем” – подвлекува Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.
Банката неодамна го објави и конкурсот за најдобар краток расказ на тема „Чувари на мудроста“, наменет за учениците од петто до деветто одделение од цела Македонија. Овој конкурс е поврзување со уште една голема општествено-одговорна кампања на банката, „Да ги слушнеме и гушнеме“ и поддршката на старите лица.
Халкбанк е најбрзорастечка банка кај нас и една од петте најголеми банки во земјава. Таа е редок пример за силен бренд кој влева сигурност и доверба. Препознатливиот слоган „Важни се луѓето“, преку Детското штедење продолжува со максимата „Важни се луѓето, но поважни се децата“.
Бројните настани за поддршка на луѓето од сите генерации, како и поддршката на целата заедница, продолжуваат и понатаму.
Депозити
Повисоки каматни стапки од Комерцијална банка за остварување поголеми заштеди

Комерцијална банка, како столб на довербата на штедачите во земјава, од 15.03.2023 година ќе ги зголеми каматните стапки и ќе им овозможи на своите клиенти заштеди со уште поголеми приноси. (more…)
Депозити
Штеди паметно и сигурно – 2,3% камата за орочени депозити во евра со ПроКредит Банка

Поттикнување на културата за штедење, инвестирање во финансиска едукација и одговорно банкарство, се главните постулати кон кои безусловно е посветено работењето на ПроКредит Банка. (more…)
Депозити
Комерцијална банка ќе изврши промена на тарифата на надоместоци за услугите што ги врши за валута швајцарски франци

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека почнувајќи од 01.05.2023 година, банката ќе изврши промена на тарифата на надоместоци за услугите што ги врши за валута швајцарски франци (CHF), и тоа: (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка