Connect with us

Депозити

Штедете и од дома со ОНЛАЈН депозитот на Халкбанк

Објавено

на

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 и преземените мерки кои подразбираат задолжителна заштита и одржување дистанца, ги уверија корисниците на банкарски услуги дека е многу полесно, наместо да се оди во банка и да се чека на шалтер, овие услуги да ги завршат електронски, од својот компјутер, лап топ или мобилен телефон.

Клиентите на Халкбанк, покрај користење на другите услуги кои ги овозможува електронското банкарство, на овој начин можат и да штедат. За таа цел е креиран производот Онлајн депозит кој е наменет за физички лица, корисници на e-banking, со кој за отворање на депозит нема потреба да одите во некоја филијала и да склучите Договор туку едноставно, тоа може да се направи електронски, од било кое место и во било кое време. Потврдувањето и потпишувањето на Договорот се прави во електронска форма. Може да се штеди во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка (вклучувајќи го и кредитниот лимит).

Отворање Онлајн депозит може да се направи преку Халкбанк мобилната апликација (најава со PIN  или биометриска авторизација) или најава на WEB (со корисничко име и OTP), каде со еден клик, во четири чекори, може да се стане штедач во Халкбанк.

Банката за овој производ нуди можност за орочување на средства на 6, 12 и 24 месеци, а подготви и атрактивни камати, кои се фиксни за периодот на орочување.

Рок на орочувањеМКДЕУР
6 месеци0,30%0,20%
12 месеци0,70%0,50%
24 месеци1,40%0,90%

 

Каматата на орочениот депозит се исплаќа на крај на периодот на орочување и главницата заедно со каматата се исплаќаат на денарската / девизната трансакциска сметка. Депозитот не се реорочува.

Кај Онлајн депозитот износот кој се уплаќа е фиксен, односно нема можност за дополнителни уплати и исплати. Во случај на предвремено раскинување на договорот, на депозитот се пресметува камата по видување според Одлуката за утврдување на висината на пасивните каматни стапки на Банката, која во моментот изнесува 0%. Предвремено раскинување на договорот и делумно повлекување не може да се изврши електронски од страна на клиентот, туку единствено во филијалите/експозитурите на Банката.

Заштити се и штеди онлајн.

Депозити

Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 01.12.2022 година ќе ги зголеми каматните стапки на депозитите на физички лица, со што штедните производи на Банката стануваат уште поатрактивни. Со ова Банката, која е столбот на довербата на штедачите во земјава, овозможува граѓаните да ги орочат своите заштеди согласно своите желби и можности и да остварат поголеми приноси. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 01.12.2022 година ќе ги зголеми каматните стапки на депозитите на физички лица, со што штедните производи на Банката стануваат уште поатрактивни. Со ова Банката, која е столбот на довербата на штедачите во земјава, овозможува граѓаните да ги орочат своите заштеди согласно своите желби и можности и да остварат поголеми приноси. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

НОВА НАЈАТРАКТИВНА ПОНУДА за депозити во денари и во евра, во Шпаркасе Банка

Објавено

на

Кога станува збор за штедење, важно е да изберете сигурен и стабилен партнер со кого секогаш добивате нешто Плус. (more…)

Продолжи со читање

Популарно