Connect with us

Домашни банки

Штедачите во Еуростандард банка АД Скопје во деновите што претстојат ќе ги добијат своите пари

Објавено

на

Штедачите во Еуростандард банка, која е во стечај, до крајот на оваа недела треба да започнат да ги добиваат своите пари. Истекува законски предвидениот рок од 20 дена до кога треба да започне исплатата. Оние граѓани кои имаат закупено сефови во банката, во следните 20 дена, ќе бидат повикани да си ги земат предметите од нив.

Стечајниот управник Душко Тодевски веќе ги извести и граѓаните и фирмите кои имаат депозити во Еуростандард банка АД Скопје дека не треба да ги пријавуваат кај него, бидејќи тие без оглед на износот се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка.

„Под побарување по основ на депозит се подразбираат: денарските и девизните депозити, сертификатите за депозит, парични средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизни приливи на физичките лица, како и паричните средства на жиро-сметка за правни лица”, соопшти Тодевски и појасни дека при обесштетување на депозитите на физичките лица, поединечните депозити на едно лице се сметаат за единствен депозит.

Граѓаните кои имаат штедни влогови до 30.000 евра имаат право да си ги добијат во целина преку Фондот за осигурување депозити, а оние кои имаат поголема заштеда, сумата над 30.000 евра треба да ја побаруваат од стечајната маса. Исклучок се граѓаните кои истовремено имаат долгови и обврски кон банката. На овие граѓани штедниот влог ќе им се намали за износот на преостанатиот долг кон банката по основ на кредит, кредитна картичка или дозволено пречекорување.

„Во согласност со Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот кои што се предмет на обесштетување како единствен депозит се намалува за износот на неговите обврски кон банката, како на пример кредити, искористен лимит од картичка, даден залог на депозит, провизии, и слично”, појасни стечајниот управник.

Правните и физичките лица кои имаат побарувања од банката, кои не се сметаат за депозит, имаат рок до 7 септември писмено по пошта да пријават кај стечајниот управник колку пари им должи Еуростандард банка АД Скопје, за да се обесштетуваат преку стечајната маса. Тодевски појаснува дека тоа се побарувања за извршени услуги или доставени производи до банката, платени аванси по различни основи, фактури, повеќе платени надоместоци за услуги кои не се искористени или се користени помал период од оној наведен во договорот, како што е на пример платен надоместок за сеф во текот на една година, кој е користен пократко време и друго.

Оние, пак кои ѝ должат на Еуростандард банка АД Скопје по кој било основ, за начинот на кој ќе ги подмират обврските во наредниот период ќе бидат контактирани од овластено лице од банката.

На ист начин ќе бидат известени и граѓаните кои закупиле сеф во банката за терминот кога треба да дојдат за да го испразнат.

„Притоа, имателот на сеф ќе биде потребно да дојде лично, да се идендификува со важечки документ за лична идентификација и клуч од сефот. Сефот не може да се отвори без присуство на клиентот кој го користел”, вели Тодевски.

Според првичните пресметки на граѓаните кои штеделе во Еуростандард банка АД Скопје преку Фондот за осигурување депозити треба да им се вратат 71,5 милиони евра. Вкупно на сметки во Еуростандард банка АД Скопје граѓани и компании имале 112,3 милиони евра, од кои преку стечајната маса граѓаните би требало да побаруваат 27,8 милиони евра, а фирмите депоненти – 13 милиони евра.

Како што посочува стечајниот управник, побарувањата се поголеми ако се имаат предвид неплатените услуги, набавени производи и слично. Стечајната маса би требало да се полни со ненаплатените кредити од околу 895 милиони евра. Според информациите од Народна банка книговодствената вредност на имотот на Еуростандард банка АД Скопје е 11,5 милиони евра.

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк со известување за предвремена исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати ноемвриските пензии на 26 – ти ноември (четврток) и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка од утре започнува со предвремена исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати ноемвриските пензии на 26- ти ноември (четврток). (more…)

Продолжи со читање

Популарно