Connect with us

Наградни игри

„Шпаркирај нов автомобил!“ – нова голема наградна игра во соработка со Mastercard

Објавено

на

Од денес започнува новата голема наградна игра „Шпаркирај нов автомобил“ наменета за корисниците на Mastercard картичките издадени од Шпаркасе Банка Македонија, кои со секоја трансакција на износ поголем или еднаков на 500,00 денари имаат можност да освојат некоја од вредните награди:

    • Главна награда автомобил Citroen New C3
    • 2 x MacBook Air
    • 2 x iPhone 11

Во наградната игра, која ќе трае од 15.09.2020 година до 15.11.2020 година, право на учество имаат сите полнолетни лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 годишна возраст), кои се корисници на картички од брендот Mastercard и Maestro, издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Со секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари, направена на продажните места и е-commerce трансакции (плаќања на интернет) во земјата и надвор од неа, корисниците на картичките Mastercard Debit и Maestro добиваат по ЕДНА шанса за учество, додека корисниците на кредитните картички Mastercard Standard и Mastercard Gold добиваат ДВОЈНА шанса за учество.

Официјалното извлекување на добитниците на наградите ќе се изврши на 20.11.2020 година, со почеток во 12 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, на ул. Македонија број 34, Скопје. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со специјален софтвер развиен за потребите на наградната игра.

Повеќе информации за наградите, како и за условите за учество во наградната игра „Шпаркирај нов автомобил“ може да се најдат на веб-страницата на Банката на следниот линк или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02 3200 600.

Наградни игри

Избрани добитниците на наградната игра на Охридска банка и Виза – Визарата може се!

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје ги избра добитниците на награди предвидени во наградната игра „Визарата може сè“, која траеше во периодот од 10.06.2020 до 30.09.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Охридска банка ги објави добитниците од наградната игра „Визарата може сè!“

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје со воведувањето на картичката Визарата, ја започна и новата наградна игра „Визарата може сè“.  (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

ВРЕДИ ДА СЕ ШТЕДИ! – Голема наградна игра на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Во месецот на штедењето – октомври, Стопанска банка а.д. Битола ја започнува својата голема наградна игра „Вреди да се штеди”! (more…)

Продолжи со читање

Популарно