Connect with us

Анализи

Шпаркасе ја купи Охридска банка за 52 милиони евра, но ја враќа инвестицијата за само 5 години?

Објавено

на

Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ Грац потпиша договор за купопродажба на акции со Сосиете Женерал со цел стекнување со сите акции (вкупно 384.844 обични акции со право на глас) во сопственост на Сосиете Женерал во Охридска Банка Сосиете Женерал во Република Северна Македонија, кои претставуваат околу 74,53% од уделот во капиталот на ОБСЖ.

Акциите кои Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ ќе ги купи од Сосиете Женерал ќе бидат по цена од 6.298 денари за секоја акција одделно. Целата купопродажба ќе изнесува околу 52 милиони евра.

Со оваа трансакција Штаермеркише Шпаркасе значително ќе ја зајакне постојната пазарна позиција во Република Северна Македонија.

Но, оваа трансакција Штаермеркише Шпаркасе би можеле да ја вратат за само 5 години!?

Согласно финансискиот резултат којшто денес беше објавен на Македонска берза, Охридска банка во 2018 година оствари профит од 10,2 милиони евра, па доколку го задржи тој тренд инвестицијата би ја вратиле за само 5 години.

Анализи

Се поголем е бројот на банкари – милионери!

Објавено

на

Банките се едни од најпрофитните организации, како во светот, така и во нашата земја. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците сеуште практикуваат плаќање во кеш, но тој тренд полека се менува

Објавено

на

Статистичките податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Објавено

на

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство спроведе истражување на тема ,,Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange