Домашни банки
Шпаркасе предупредува: Забележани се „phishing“ напади, бидете внимателни!

Шпаркасе банка информираше дека се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое го фалсификува идентитетот на Охридска Банка АД Скопје, и кое го користи логото на банката, обидувајќи се да извлече податоци преку праќање на мејлови.
Имено, забележано е дека одредени физички и правни лица добиваат пораки од мејл адресата: ohridska.banka@ohridskabanka.com.mk која е непостоечка. Како контакт адреса е наведена fxdoznaki@ob.com.mk. Предмет на мејл пораката е: Notification for remittance abroad – SWIFT, односно Известување за извршена дознака во странство – SWIFT.
“Ве информираме дека во текот на месец јули 2021 г. со упис на статусната промена – присоединување и официјално заврши процесот на присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, со што Охридска банка АД Скопје и официјално престана да постои како правен субјект. Шпаркасе Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака да не ги отвараат пораките пристигнати од мејл адресата ohridska.banka@ohridskabanka.com.mk, со цел да се заштитат од злоупотреба на податоците и да контактираат соодветно контакт лице од банката за да ја верификуваат пораката. Доколку во меѓувреме мејлот е отворен, Ве молиме побарајте помош од ИТ професионалец. Сите нотификации испратени од Шпаркасе Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат. Информативниот систем на Банката е сигурен и во ниеден момент не е загрозен. Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите.” се вели во известувањето.
Домашни банки
Уникатна кобрендирана картичка на пазарот – Шпаркасе Банка и АМСМ со многу бенефити за корисниците

Шпаркасе Банка и АМСМ официјално потпишаа договор за меѓусебна соработка и во оптек ја лансираа новата кобрендирана Visa кеш бек кредитна картичка за физички лица. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје