Компании
Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со силни перформанси во првата половина на 2022 година

Врз основа на неревидираните финансиски извештаи за првите шест месеци од 2022 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје оствари силни перформанси во сите сегменти на работењето, што придонесе и за раст на вкупното портфолио од 16,8% споредено со почетокот на годината, како и:*
- Раст на финансираниот волумен на лизинг трансакции од 52,1%;
- Раст на бројот на новофинансирани лизинг предмети од 16,3%;
Овие позитивни движења условија одлични финансиски перформанси и тоа:
- Раст на приходите од камати за 20,7%;
- Раст на приходите од надоместоци за 31,8%
- Сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 27,4%;
- Нефукционалните побарувања се задржаа на ниво од 1,9%;
- Нето профитoт по оданочување достигна 39,4 милиони денари;
Во текот на првата половина од 2022 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје забележа силен раст во сите сегменти на работењето, иако влијанието на зголемените рокови на испорака на возила како резултат на пореметувањата на синџирите на снабдување и зголемените цени значително се чувстваа на пазарот.
И покрај проблемите со испоракa на возила на глобално ниво кои го забавија Европскиот пазар за 14%, пазарот на нови автомобили во Р.Македонија за првите шест месеци забележа раст од 13% споредбено со првите шест месеци од 2021 година, благодарение на добрата продажба во Јуни која пред се должи на испораките за рент-а-кар компаниите.
Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со својата соодветната поставеност на пазарот и понуда на флексибилни производи и услуги дојде до раст на финансираниот волумен на лизинг трансакции за 52,1% и раст на бројот на новофинансирани предмети за 16,3% споредено со првите шест месеци од 2021 година со што ја потврди својата улога на пазарен лидер.
Значајно е да се напомене дека одличен раст е остварен во двата “core” сегменти во работењето, патничките возила и тешките товарни возила со раст од 39,5% и 137,5% респективно, споредено со првата половина на 2021 година.
Приходите од камати се зголемија за 20,7%, со раст на приходите од надоместоци за 31,8%, при што трошоците за исправка на вредност останаа под буџетираното ниво благодарение на стабилното и здраво портфолио. Како резултат на овие движења, нето добивката по оданочување за првите шест месеци од 2022 изнесуваше 39,4 милиони денари.
Втората половина на 2022 година се очекува да биде исполнета со предизвици пред се од аспект на претходно спомнатите нарушувања во синџирите на снабдување, намалената понуда на возила како и растечката инфлација, и се поевидентните нагорни движења на каматните стапки на европскиот, а со тоа и македонскиот финансиски пазар.
“Шпаркасе Лизинг продолжува со силна поддршка на македонската економија и бизнис, при што во следниот период ќе се фокусирамe на воведување нови производи и услуги како и на дополнително забрзување на постапката за реализиција на нови договори со цел одобрување и реализација за 24 часа од моментот на аплицирање“, истакна Марјан Манчев, Извршен директор на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје.
Компании
Претставување на словенечките работодавачи во Скопје

Во соработка со Амбасадата на РС во Скопје, на 7 и 8 јуни, од 10 до 17 часот организираме претставување на словенечките работодавачи во Скопје (хотел Хилтон) и во Битола (Културно-информативен центар – Офицерски дом). Миграцијата на работната сила станува се повеќе дел од нашето секојдневие. Прогнозите велат дека бројот на странски работници ќе продолжи да расте и во иднина. (more…)
Компании
Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав

По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје