Connect with us

Платежни картички

Шпаркасе Банка ја имплементираше ”3D Secure” технологијата за Mastercard платежните картички

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ја имплементираше ”3D Secure” технологијата за Mastercard дебитните и кредитните картички, кои се обезбедени со престижниот меѓународен сертификат на “Mastercard SecureCode“.

Шпаркасе Банка ја комплетираше сертификацијата на сите Mastercard картички издадени од Банката со највисоко ниво на сигурност, обезбедувајќи динамичка заштита во реално време на секоја интернет трансакција направена со картичките. Оваа услуга претставува дополнителна сигурност во процесот на Интернет купување (електронска/интернет трговија), правејќи го Интернет купувањето посигурно, а плаќањето со картичка – заштитено.

Што претставува ”3D Secure” технологијата?

”3D Secure” технологијата е највисок меѓународен стандард за интернет заштита на Visa & Mastercard картичките на една банка. Стандардот може да се имплементира со статичка или динамичка сигурност за клиентите, при што динамичката сигурност обезбедува значајно повисоко ниво на заштита во однос на можноста за дефинирање на статичка интернет лозинка. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје инвестираше во воведување на динамичка “3D Secure” технологија и на своите клиенти им обезбеди ниво на Интернет заштита кое го нудат светски најреномираните банкарски брендови.

Како функционира ”3D Secure” технологијата?

”3D Secure” овозможува проверка на автентичноста и идентитетот на корисникот на картичката при извршувањето на Интернет плаќања со дебитни и кредитни картички. Шпаркасе Банка, користејќи ја најсовремената технологија на Mastercard врши системски мониторинг и повремено бара верификување на дел од Интернет трансакциите со испраќање на СМС со еднократна ОТП лозинка на вашиот мобилен телефон за време на извршувањето на трансакцијата. Притоа за да може да ја комплетирате трансакцијата, потребно ќе биде да се внесе добиената ОТП лозинка (пратена на мобилен телефон) со што ќе се верификува автентичноста на трансакцијата.

 

Дополнителни информации за ”3D Secure” технологијата можете да погледнете на следниот ЛИНК.

Платежни картички

Динерс воведе можност за подигнување готовина на банкоматите на Халкбанк

Објавено

на

Diners Club Македонија им овозможи на корисниците на картички да подигнуваат готовина од банкоматите на Халкбанк АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за сите Mastercard кредитни картички за физички лица – Вистинска можност да добиете повеќе!

Објавено

на

Почнувајќи од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања со која постоечките и новите корисници на некоја од НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица имаат вистинска можност да добијат повеќе.

Имено, во периодот од 10 мај до 30 јуни годинава, за постоечките и новите корисници на Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold и Mastercard HaPPy картичките, НЛБ Банка овозможува единствени поволности, парична награда или бесплатна членарина за првата година од користењето.

Поконкретно, во промотивниот период, 1.000 клиенти – иматели на некоја од споменатите Mastercard картички кои ќе направат најголем број трансакции ќе добијат паричен износ во висина од 2.000 денари на нивната картичка. Дополнително, сите оние кои, во промотивниот период, ќе аплицираат и ќе станат корисници на некоја од наведените Mastercard картички ќе добијат бесплатна членарина за првата година од користењето.

НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard. Дополнително, Mastercard HaPPy картичката е единствената картичка на пазарот која нуди загарантирана можност за cashback за секое нејзино користење.

Повеќе детали за Mastercard кредитните картички и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.

Продолжи со читање

Платежни картички

Заштеда до 12% на резервациите на Booking.com со American Express

Објавено

на

Нова одлична поволност за корисниците на кредитните и дебитните Аmerican Express картички издадени од Силк Роуд Банка. Отсега сите корисници на кредитните и дебитните Аmerican Express картички може да уживаат во повеќекратните придобивки при онлајн резервација на една од најголемите меѓународни онлајн туристички агенции – Booking.com. (more…)

Продолжи со читање


Популарно