Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нов повик за програмата „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР“ наменета за поддршка на старт-ап бизниси

Објавено

на

Шпаркасе Банка денеска објави нов повик за учество во програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка на старт-ап бизнисите во Република Северна Македонија. Преку оваа програма Шпаркасе Банка веќе четврта година по ред на стартапите им овозможува пристап до потребните финансиски средства за развој на нивните микро и мали компании, како и вклучително едукација и менторство за правилен развој и одржливост на бизнис-идеите.

Програмата „Чекор по чекор“ е прва акцелераторска програма од овој вид во Република Северна Македонија, која беше лансирана во октомври 2018 година во соработка со партнерите Business Impact Lab и Startup Academy. Целта на програмата е да им обезбеди парична и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на развој на сопствен бизнис, со можност за кредитирање во износи до 25.000 евра, вклучително со пакет од образовна, финансиска и менторска поддршка.

Шпаркасе Банка АД Скопје во претходните три циклуси успешно ја реализираше програмата „Чекор по чекор“ во соработка со партнерите Business Impact Lab и Start Up Academy, кои беа задолжени за спроведување 8 различни образовни модули наменети за едукација на старт-ап менаџерите за квалитетна изработка на потребните бизнис-планови. Но, исто така со своето менторство ги насочуваа стартапите како правилно да ги употребат финансиските средства и да ја продолжат инвестициската активност за да го обезбедат потребниот фиксен капитал.

Програмата „Чекор по чекор“ е наменета за компании што се регистрирани пред помалку од 24 месеци и кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства и едукација за унапредување на нивните претприемачки вештини, кои се наоѓаат во старт-ап фаза или во фаза на развој на бизнис-идеја и вработуваат еден или помалку од 10 вработени.

Повеќе информации за програмата „Чекор по чекор“ погледнете на веб-страницата на Банката (www.sparkasse.mk), а сите заинтересирани учесници во четвртиот циклус, Банката ги поканува да се пријават со пополнување онлајн апликација на следниот линк.

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нов дизајн и функционалности на S-банка мобилната апликација

Објавено

на

Новата верзија на S-банка со нов, модерен и интуитивен дизајн е веќе достапна за сите корисници на мобилно банкарство на Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка горда на резултатите на својот КБ тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Неуморноста и посветеноста дефинитивно се одлика на тимот на Комерцијална банка. Затоа и не изостанаа добрите резултати на маратонците од Банката на годинашниот Скопски маратон. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка се стекна со сертификат „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје се стекна со сертификат за „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој го доделува Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ). Овој сертификат претставува потврда за мисијата на Шпаркасе Банка, која во својот работен фокус ги има своите клиенти и нивното задоволство во сите области на делување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно