Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нови промотивни услови за кредитните и за депозитните производи за физички лица

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува со воведување новитети и атрактивни услови во кредитната и депозитната понуда за население, во согласност со својата стратегиска определба за обезбедување континуирана финансиска поддршка на своите клиенти и излегување во пресрет на нивните потреби.

До крајот на годината, клиентите можат да аплицираат за S Plus ненаменски потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка од 4,8% за првите 2 години, без административни трошоци за обработка на барањето, со брза и едноставна постапка на одобрување, без жиранти со рок до 120 месеци и максимален износ до 1.500.000 денари.

Сите заинтересирани клиенти за станбен кредит, можат да го добијат со фиксна каматна стапка од 3,10% за првите 5 години или фиксна каматна стапка од 3,30% за првите 10 години без нотарски трошоци и без административни трошоци за обработка на кредитното барање.

Шпаркасе Банка ги продолжува промотивните услови и кај депозитите, со што депозитната понуда за население продолжува да биде и понатаму атрактивна за депонентите. Па, така, сите клиенти што до 31.12.2022 г. ќе се одлучат за Депозит плус добиваат 2,20% фиксна годишна каматна стапка за денарско штедење на 24 месеци, односно 2,40% за штедење на 36 месеци. Депозит плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да штедат во денари и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период.

Истовремено, во понудата на депозитни производи останува Депозит прогрес, со што поволните каматни стапки за овој производ ќе важат до крајот на годината. Со Депозит прогрес, колку подолго штедите, толку повеќе се зголемува каматната стапка, односно таа расте паралелно со периодот на орочување. Каматните стапки се гарантирани и непроменливи за целиот период на орочување, а постои и можност за дополнителни вложувања.

Искористете го промотивниот период до крајот на годината и остварете го сонот за свој сопствен дом или, пак, исполнете ги своите мали и големи желби со Шпаркасе Банка – Вашиот финансиски партнер од доверба, дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе групацијата, со традиција во банкарското работење од близу 200 години.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно