Депозити
Шпаркасе Банка со нови атрактивни услови за штедење

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува со своите активности да носи различни привилегии за клиентите, следејќи ги пазарните промени, и со тоа и да креира атрактивни понуди што целосно одговараат на потребите на крајниот корисник.
Како синоним за стабилност и сигурно партнерство, кога станува збор за штедењето, Шпаркасе Банка ја продолжува промотивната понуда за Депозит Плус со нови, повисоки каматни стапки, фиксни за целиот период на орочување, во периодот од 1.4.2023 до 30.6.2023 година. Па, така, средствата со Депозит Плус во денари можат да се орочат на 13 и на 24 месеци, со што при орочување на 13 месеци каматната стапка изнесува 2,9%, додека при орочување на 24 месеци каматната стапка изнесува 3,5%. Депонентите, пак, кои ќе се одлучат за депозити во евра на 12 месеци добиваат каматна стапка од 1,9%, додека за 25 месеци каматна стапка од 2,5%.
Депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да штедат и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период во стабилна финансиска институција.
Сите информации може да ги погледнете на веб-страницата на Шпаркасе Банка, за Депозит Плус во денари прочитајте на следниот линк https://bit.ly/3onWF2H , а за Депозит Плус во евра на следниот линк https://bit.ly/43Fl2Jm.
Или, пак, можете да се јавите на Контакт центарот на 02/15050 достапен во секое време.
Денес штедењето претставува предизвик за клиентите и истовремено многу корисна навика со која ја обезбедуваме нашата и иднината на нашите деца. Токму затоа изберете партнер од доверба каков што е Шпаркасе Банка – дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа, која бележи близу 200 години традиција во штедење. Со овој промотивен депозит и со сигурен и стабилен партнер за штедење каков што е Шпаркасе Банка, секогаш добивате нешто плус.
Депозити
Промотивни поволности за фирмите – Стопанска банка а.д. Битола со понуда по повод 75 години јубилеј

Една од банките која е со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка а.д. Битола оваа година го прославува јубилејот 75 години постоење. (more…)
Депозити
Неверојатен денарски депозит со 4,5% каматна стапка по повод јубилејни 75 години на Стопанска банка а.д. Битола

Една од банките со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка а.д. Битола оваа година прославува 75 години постоење. Оваа домашна банка, со својот широк спектар на банкарски производи 75 години е сигурен партнер на домаќинствата и поддршка на бизнисите во земјата. (more…)
Депозити
ТТК Банка ја продолжува понудата на промотивните депозити ПРОМО ФИКС во денари и во евра до 30.6.2023 година

ТТК Банка АД Скопје ја продолжува понудата на промотивните депозити – ПРОМО ФИКС со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 и на 25 месеци, во промотивниот период до 30 јуни 2023 година. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје