Домашни банки
Шпаркасе Банка со дигитална трансформација на банкарските услуги во соработка со КИБС и Некстсенс

Од месец ноември, Шпаркасе Банка во своето работење вклучува користење електронски идентитет, дигитално потпишување документи и дигитално архивирање, овозможувајќи им на клиентите целосно ново дигитално искуство при вршење на банкарските услуги.
Отсега, клиентите на Шпаркасе Банка ќе имаат поголема флексибилност во извршувањето на банкарските услуги и заштеда на време, ресурси и финансиски средства и ќе можат да користат банкарски услуги од далечина и без употреба на хартија. Дигиталниот идентитет и дигиталното потпишување им овозможуваат на клиентите на Банката да се идентификуваат и да потпишуваат електронски документи со својот квалификуван дигитален потпис, од кое било место во светот.
„Со гордост можам да кажам дека направивме крупен исчекор во процесот на дигитална трансформација на банкарските услуги, производи и процеси. Ова е голем успех за тимот на Шпаркасе Банка, кој посветено работеше на имплементација на ова решение, во соработка со партнерите КИБС и Некстсенс. Со интеграција на ова решение, како банка сме целосно подготвени да идентификуваме клиенти без физичко присуство во банката, како и да проследиме електронска документација на наш клиент идентификуван на ваков начин и повратно да добиеме електронски потпишан документ.
Продолжуваме со имплементација на технолoшки напредни решенија во банкарството, сè со цел подобрено корисничко искуство и поедноставување на работењето со клиентите, но и оптимизација и автоматизација на интерните процеси во Банката. Свесни сме дека дигитализацијата е иднината и посветено ќе продолжиме да работиме како банка во таа насока“ – истакна Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Со цел да овозможи целосно дигитални услуги за своите клиенти, банката направи три значајни чекори:
- го интегрира своето работење со услугата OneID обезбедена од давателот на услуга за издавање електронски идентитет КИБС АД Скопје,
- имплементира платформа за дигитално потпишување на далечина – SignPlus, обезбедена од давателот на доверливи услуги КИБС АД Скопје,
- имплементира и интегрира во своето работење решение за дигитално архивирање документи – Corporate Document Repository (CDR), производ на водечката компанија за дигитална трансформација Некстсенс ДОО Скопје.
Новите услуги ќе бидат целосно бесплатни за клиентите на банката и за нив нема потреба нашите клиенти посебно да аплицираат.
„Успеавме да ги имплементираме услугите OneID, SignPlus и CDR со нашите партнери Шпаркасе Банка и Некстсенс, процес што се движеше непречено. КИБС како лидер на пазарот на услуги од дигитална доверба веќе 20 години успешно ги имплементира глобалните трендови и ИТ-решенија посебно во делот на дигитализација на работните процеси и поставување основа за користење услуги и производи на локално ниво. OneID и SignPlus претставуваат софтвер како услуга достапни во облакот на KIBSTrust, ги исполнуваат највисоките глобални стандарди, а притоа се интуитивни, лесни за употреба, безбедни и овозможуваат лесно корисничко искуство“ – нагласи Горан Анастасовски, генерален директор и претседател на Управниот одбор на КИБС АД Скопје.
Постапката на создавање електронски идентитет е брза и едноставна, благодарејќи на заедничкиот развој на КИБС и на Некстсенс. Мобилната апликација OneID е достапна на три платформи за преземање: Google Play, AppStore и HarmonyOS. Откако еднаш ќе го креира електронскиот идентитет, клиентот потоа ќе може да го користи за идентификување кон сите компании и институции што ја овозможуваат оваа услуга.
„Со имплементацијата на системот за дигитално архивирање – Nextsense Corporate Document Repository, Банката добива нов квалитет во управувањето со документи. Решението целосно го дигитализира процесот на организација, дистрибуција, класификација, централно архивирање на документите. Притоа, обезбедува највисоко ниво на безбедност, следливост и контрола врз движењето и пристапот до документите. Како резултат на одличната соработка со тимовите на Шпаркасе Банка и на КИБС ова решение беше имплементирано и интегрирано со интерните системи и системите достапни како софтверска услуга на банката во исклучително краток период. Нé радува тоа што придобивките за банката се многубројни: оптимизација на интерните банкарски процеси, забрзување на времето за извршување на активностите и зголемена ефикасност преку елиминација на процесните чекори за транспорт на документи и нивно препраќање меѓу различни локации. Остануваме посветени кон испорака на иновативни дигитални решенија што го унапредуваат квалитетот на работа на компаниите и ги подобруваат услугите кон клиентите“ – изјави Васко Кроневски, главен извршен директор на Некстсенс.
Решенијата се усогласени со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги (MK-eIDAS), барањата за заштита од перење пари и запознај го својот клиент, како и со Законот за архивско работење на Република Северна Македонија.
Домашни банки
Уникатна кобрендирана картичка на пазарот – Шпаркасе Банка и АМСМ со многу бенефити за корисниците

Шпаркасе Банка и АМСМ официјално потпишаа договор за меѓусебна соработка и во оптек ја лансираа новата кобрендирана Visa кеш бек кредитна картичка за физички лица. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје