Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка предвремено ќе ги исплати септемвриските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги известува своите драги пензионери дека пензиите за месец септември ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 28 септември 2020 година во четири групи. Со пензиите, пензионерите ќе може да располагаат веднаш, доколку користат дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат.

Од банката препорачуваат да се користи широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка) кои се достапни во Република Северна Македонија или да се плаќа безготовински при пазарење кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

  • 28-ми септември 2020 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 29-ти септември 2020 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 30-ти септември 2020 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 1-ви    октомври  2020 година, пензии со висина над 18.000 денари

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Од банката препорачуваат средствата кои се на располагање на трансакциските сметки, пензионерите да ги подигнуваат со дебитните картички преку банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, на кои подигнувањето е без провизија. За поголема заштита на здравјето, од Шпаркасе Банка Македонија упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак пензионерите се одлучат да ги подигнат средствата преку шалтерите во експозитурите, од банката замолуваат да се почитуваат препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено

на

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно