Домашни банки
Шпаркасе Банка – поддржувач на настанот „Денови на австриската литература во Северна Македонија“


Здружението за регионален развој БАЛКАН ЕКОНОМИК ФОРУМ и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на 31.3.2022 година ја отворија манифестацијата „Денови на австриската литература во Северна Македонија“.
На настанот говореа заменик-министерот за култура Даим Лучи, амбасадорот на Република Австрија д-р Георг Вутсас, г-ѓа Нина Неданоска член на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка А.Д. Скопје, г-ѓа Нина Мојсова Ќјосева член на Одборот на директори на Здружението Балкан Економик Форум, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје Јелисавета Костадинова и директорката на Австриската национална библиотека д-р Јоана Рахингер. Настанот се одржа во големата сала на Националната и универзитетска библиотека на Северна Македонија.
Главната цел на настанот беше да се промовира австриската литература помеѓу релевантните чинители во Северна Македонија, со цел да се доближи австриската литература до пошироката јавност во Северна Македонија.
За првпат во историјата на Република Северна Македонија се воспостави формална и поблиска соработка помеѓу националните библиотеки на Северна Македонија и на Австрија преку потпишување Меморандум за соработка помеѓу двете институции. Истовремено, Националната библиотека на Австрија донираше книги од австриски автори, со што е збогатен постојниот книжевен фонд на Националната библиотека на Северна Македонија, а беа дел од изложбата што ќе биде отворена за јавноста до крајот на април.
Убедени сме дека овој проект ќе има значително влијание врз подигнување на интензитетот на соработката помеѓу институциите од културата и уметноста од Австрија и од Северна Македонија.
Шпаркасе Банка се јавува како поддржувач на настанот преку фондацијата „Steiermärkische Verwaltungssparkasse“ од Грац, Република Австрија, и на тој начин дава свој придонес во афирмирање на австриската литература пред домашната читателска публика. Преземањето одговорност за општеството е во духот на основачката идеја на групацијата Steiermärkische Sparkasse уште од 1825 година и сите поддржани проекти кореспондираат со неа. Со години фондацијата инвестира во проекти од областа на културата и уметноста, социјалните работи, науката и истражување, финансиската писменост, младината и животната средина.
Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)
Домашни банки
Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид


Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)
Домашни банки
Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии


Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје