Домашни банки
Шпаркасе Банка од понеделник (04.07.2022г.) ќе започне со исплата на парични права од социјална и детска заштита за месец јуни

Шпаркасе Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од понеделник, (04.07.2022 година), Банката ќе врши исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита (сите парични прaва).
Со дебитните картички корисниците на паричната помош ќе можат да располагаат со средствата од 04.07.2022 година, а за останатите кои не користат дебитна картичка ќе можат да ги подигнат средствата во готовина преку шалтер во експозитурите на Банката по дадениот редослед според првата буква од презимето:
- На 04.07.2022 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- На 05.07.2022 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Подигнувањето на готовина од Банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!
Од банката препорачуваат средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкоматите на Шпаркасе Групацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA.
За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица користете ги услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banka.
За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка АД Скопје упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.
Домашни банки
Уникатна кобрендирана картичка на пазарот – Шпаркасе Банка и АМСМ со многу бенефити за корисниците

Шпаркасе Банка и АМСМ официјално потпишаа договор за меѓусебна соработка и во оптек ја лансираа новата кобрендирана Visa кеш бек кредитна картичка за физички лица. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје