Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка од денес (29.11.2022г.) започна со предвремена исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец ноември 2022 се исплаќаат почнувајќи од денес (29 номеври 2022 година) во четири групи.

Со пензиите пензионерите можат да располагаат веднаш, доколку користат дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од Шпаркасе Банка препорачуваат да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

  • Во вторник 29-ти ноември 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари денари
  • Во среда 30-ти ноември 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари  
  • во четврток 1-ви декември 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • во петок 2-ри декември  2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка АД Скопје упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Bankа.

Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, од Шпаркасе Банка АД Скопје замолуваат да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно