Домашни банки
Шпаркасе Банка од денес (29.09.2022г.) започна со предвремена исплата на септемвриските пензии

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец септември 2022 година ќе се исплаќаат почнувајќи од денес (29 септември 2022 година) во четири групи.
Со пензиите пензионерите ќе можат да располагаат веднаш, доколку се корисници на дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од Шпаркасе Банка препорачуваат да се користи широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.
Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:
- Во четврток 29-ти септември 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари денари
- Во петок 30-ти септември 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
- во понеделник 3-ти септември 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
- во вторник 4-ти септември 2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.
Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!
За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка АД Скопје упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Bankа.
Доколку сепак клиентите се одлучат да ги подигнат средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, од Шпаркасе Банка АД Скопје замолуваат за придржување кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка