Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка од денес врши предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец октомври ќе се исплатат предвреме почнувајќи од денес (26 октомври 2021 година) во четири групи.

Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од банката препорачуваат да се користи широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да се плаќа безготовински при пазарење кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

  • 26-ти октомври 2021 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 27-ми октомври 2021 година, пензии со висина 11.001 – 14.000 денари 
  • 28-ми октомври 2021 година, пензии со висина 14.001 – 18.000 денари
  • 29-ти октомври 2021 година, пензии со висина над 18.001 денари.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

За поголема заштита на здравјето, од Шпаркасе Банка Македонија упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Bankа.

Доколку сепак клиентите се одлучат да ги подигнат средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, од Шпаркасе Банка АД Скопје замолуваат за придржување кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот The Banker

Објавено

на

За „Банка на годината во 2021 година во Република Северна Македонија“ е прогласена Комерцијална банка АД Скопје. Оваа престижна награда финансискиот магазин The Banker ѝ ја доделува на Комерцијална банка втора година по ред, препознавајќи ги нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кире Наумов и Фарук Исмаили ќе продолжат да раководат со Развојната банка

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Петер Зелен реименуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно