Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка од денес врши предвремена исплата на февруарските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец февруари ќе се исплатат предвреме почнувајќи од денес (25-ти февруари 2021 година) во четири групи.

Со пензиите пензионерите ќе може да располагаат веднаш, доколку се корисници на дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од банката препорачуваат да се користи широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка) кои се достапни во Република Северна Македонија или да се плаќа безготовински при пазарење кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

  • 25 – ти февруари 2021 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 26 – ти февруари 2021 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари 
  • 1-ви март  2021 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 2-ри март  2021 година, пензии со висина над 18.001 денари.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

За поголема заштита на здравјето, од Шпаркасе Банка Македонија упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак клиентите се одлучат да ги подигнат средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, од Шпаркасе Банка Македонија замолуваат за придржување кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години

Објавено

на

Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

Објавено

на

ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)

Продолжи со читање




Популарно