Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка овозможи приватно здравствено осигурување за своите вработени

Објавено

на

Грижата за вработените и нивното задоволство е еден од најзначајните приоритети на Шпаркасе Банка. Водејќи се од стратешката определба постојано да ги подобрува условите за работа и поволностите за своите вработени, Шпаркасе Банка АД Скопје овозможи приватно здравствено осигурување за сите свои вработени!

Имено, од јануари 2022 година сите вработени имаат можност да ги користат придобивките од приватното здравствено осигурување што Банката го склучи во соработка со Кроација осигурување – Неживот.

„Веруваме дека ваквиот придонес кон здравјето на нашите вработени и нивните семејства, ќе им даде дополнителна сигурност и благосостојба во нивниот секојдневен живот. Остануваме посветени на континуирано создавање подобри услови за работа, со цел нашите вработени да се чувствуваат среќно и задоволно”, велат од Шпаркасе Банка АД Скопје.

Со вклучувањето на приватното здравствено осигурување во списокот придобивки за своите вработени, Шпаркасе Банка ја потврдува својата грижа кон вработените и ја зацврстува својата позиција како посакуван работодавач во нашата држава.

Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk.

Домашни банки

Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип

Објавено

на

Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ

Објавено

на

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“

Објавено

на

Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улиците. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно