Connect with us

Наградни игри

Шпаркасе Банка на Светскиот ден на штедењето ги награди учесниците на конкурсот „ШТЕДИ, КРЕИРАЈ, ПОБЕДИ!“

Објавено

на

Денес, во 12:00 ч. во просториите на СОС Детско село, Шпаркасе Банка Македонија  ги награди најкреативните творби од детскиот конкурс „ШТЕДИ, КРЕИРАЈ, ПОБЕДИ!“. По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Шпаркасе Банка организираше мал забавен настан за учесниците на конкурсот заедно со децата без родители и родителска грижа згрижени во рамките на СОС Детско село, во населбата Ченто.

Наградниот конкурс „ШТЕДИ, КРЕИРАЈ, ПОБЕДИ!“, кој беше активен во текот на октомври, ги поттикна дечињата од целата држава да доставуваат творби на темата „штедење“, изработени од разновидни еко-материјали. За изборот на најкреативните детски творби беше задолжена комисија во состав од неколку членови од Пакомак и од Шпаркасе Банка, кои ги прогласија победниците на настанот што денес беше организиран во просториите на СОС Детско село и низ заедничко дружење и забава го прославија Светскиот ден на штедењето – 31 октомври.

Секогаш кога станува збор за едукација на децата во однос на заштита на животната средина и рециклирањето и кога таа едукација е иницирана од други општествено одговорни компании, за нас тоа претставува особено задоволство и поттик да бидеме дел од тој проект. Само со заеднички сили можеме да ја подигнуваме свеста кај населението за заштита на околината во која живееме, бидејќи од сите чинители на нашето општество зависи иднината во којашто ќе живеат нашите деца“, изјави г. Ико Брдаровски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Во насока на унапредување на досегашната повеќегодишна соработка со СОС Детско село, Шпаркасе Банка започна со реализација на нов проект за корпоративна општествена одговорност, кој има за цел да го поттикне развојот на индивидуалното донаторство кај своите вработени, следствено на примерот на банката и во согласност со воспоставените интерни вредности и начела за етичко однесување. Вработените се приклучуваат кон донаторската акција со пополнување на изјавата за издвојување месечен износ од нивната плата во донаторски цели за поддршка на организацијата СОС Детско село Македонија во реализација на проектот ’Да се подготвиме за училиште’, кој е наменет за 140 деца и млади, кои се без родители и родителска грижа и деца кои се во ризик да ја загубат грижата од семејството“, изјави Тодорка Сајкова, директор на Службата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка Македонија.

СОС Детско село Македонија низа години остварува успешна соработка со Шпаркасе Банка, со цел да обезбеди долготрајна грижа за децата без родителска грижа и за оние што се во ризик од нејзино губење. Особено нè радува што успеавме да ги поттикнеме и вработените во Шпаркасе Банка да го дадат својот придонес на индивидуално ниво и да ја поддржат корпоративната стратегија за општествена одговорност на компанијата. Развојот на индивидуалната филантропија и посветено донирање ќе биде еден од главните приоритети во наредниот период, и се надеваме дека и другите компании и индивидуалци ќе го следат примерот на Шпаркасе Банка и на нејзините вработени“, изјави Александра Спасевска, Корпоративни комуникации, донации и спонзорства – СОС Детско село Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија преку реализација на многубројни проекти во рамките на платформата Sparkasse Life се залага за континуирано подобрување на општеството во повеќе сегменти на делување. Основната цел на нејзината стратегија за корпоративна општествена одговорност е да инспирира што поголем број луѓе и институции да дадат свој личен придонес преку активно вклучување во реализација на проекти и кои создаваат вистински вредности за заедницата на која ѝ припаѓаме.

Им се заблагодаруваме на сите учесници во наградниот конкурс „ШТЕДИ, КРЕИРАЈ, ПОБЕДИ!“, а на сите штедачи им го честитаме Светскиот ден на штедењето.

Наградни игри

Финансиската едукација на младите – еден од приоритетите на Македонската банкарска асоцијација

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека како и во другите европски земји, заради пандемијата на ковид-19, националниот натпревар на Европскиот квиз на пари ќе се одржи на начин различен од претходно објавениот. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

АСО објави конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување

Објавено

на

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2020 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Триглав Осигурување ја воведе наградната игра „карантWin”

Објавено

на

Триглав Осигурување започнува со наградна игра под називот „карантWin”. Наградната игра им дава можност на учесниците да добијат награда, само со тоа што го почитуваат социјалното дистанцирање, коешто е еден од најголемите предизвици во овој период.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно