Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка најдобри во класата – Активација за кампањата „Happy VISA Weekends“

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје го доби признанието Најдобри во класата – Активација за кампањата „Happy VISA Weekends“ од страна на долгорочниот партнер Visa. Кампањата што ја спроведе Банката во текот на 2021 година, беше оценета за најдобра во класата VISA Активација.

„Чест ни е што VISA, водечката светска компанија и глобален авторитет во дигиталните плаќања, ја препозна иницијативата на Шпаркасе Банка за понуда на иновативни картични производи и креирање дополнителна вредност за своите клиенти при реализација на безготовински плаќања.

Станува збор за наградна игра наменета за сите корисници на платежни картички за физички лица од брендот VISA, а услов за учество беше корисниците да реализираат најмалку една поединечна трансакција на продажните места и е–commerce трансакции во земјата и во странство, во висина од најмалку 500 денари. На најсреќните учесници им беа доделени 70 ваучери за патување во РС Македонија и главна награда – автомобил „KIA SPORTAGE“.

Горди сме на сите успешни проекти и соработки низ годините со VISA и истовремено упатуваме голема благодарност за добиеното признание, но и до нашите клиенти за нивната доверба и лојалност, и фактот што ја избраа Шпаркасе Банка за свој сигурен и стабилен финансиски партнер.

Шпаркасе Банка и понатаму останува посветена на креирање понуди на иновативни производи, квалитетни услуги, но и обезбедување дополнителна вредност за нашите клиенти и поддршка на заедницата”, велат од Шпаркасе Банка АД Скопје.

Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 24 мај 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24 мај (среда) 2023 година заради празнување на Св. Кирил и Методиј. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силните резултати на ПроКредит Групацијата во Q1 ги нагласуваат среднорочните позитивни перспективи

Објавено

на

  • Резултатот од 29,5 милиони ЕУР соодветствува на солиден Поврат на капитал (RoE) од 13,3% и, според тоа, е во согласност со среднорочните насоки на групацијата;
  • Добриот развој на нето каматната маржа до 3,4% и умерениот трошок на ризикот од 12 основни поени се клучни фактори за резултатите;
  • ПроКредит Банка Украина има умерен придонес кон резултатот на групацијата, демонстрирајќи ја својата структурна сила без оглед на проблематичното опкружување; ПК без Украина е на добро ниво од 11,6%;
  • Kоефициентот на трошочна ефикасност, усогласен за непериодичните ефекти е на ниво од 57,0% и, според тоа, 2,5 процентни поени под нивото од претходната година;
  • Растот на депозитите изнесува 0,6%; кредитното портфолио бележи мал пад од 0,8%, со дополнителни подобрувања на квалитетот на портфолиото;
  • Континуиран фокус на зелени кредити; тековниот удел од 20,2% во вкупното кредитно портфолио е зацртано да расте до 25% среднорочно;
  • Коефициентот на редовен основен капитал на ниво 1 (CET1) изнесува 14,1%; значајното зголемување од 0,7 пп во Q1 е поттикнато од натамошниот раст на ефикасноста на активата пондерирана според ризикот (RWA)

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Како најдобро да се подготвите за патување?

Објавено

на

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура. (more…)

Продолжи со читање

Популарно