Домашни банки
Шпаркасе Банка Македонија со информација за исплата на парична помош од социјална и детска заштита


Шпаркасе Банка Македонија ги информира своите почитувани клиенти дека од денес 03.12.2020 година (четврток), Банката ќе врши исплата на гарантирана минимална помош – ГМП за месец Ноември 2020 година која ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички.
За останатите корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во експозитурите на Банката согласно воспоставен распоред по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:
- 3 декември (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М.
- 4 декември (петок) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Од 04.12.2020 година (петок), останатите права од социјална и детска заштита за месец ноември ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички.
Останатите корисници на социјална и детска заштита кои не користат картички ќе може да го направат тоа во експозитурите на Банката согласно воспоставен редослед по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:
- 7 декември (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М.
- 9 декември (среда)ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!
Од банката препорачуваат средствата кои се на располагање на трансакциските сметки, клиентите да ги подигнуваат со дебитните картички преку банкоматите на Шпаркасе Групацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA.
За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица, од банката препорачуваат користење на услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.
За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка Македонија упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.
Депозити
Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка


Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)
Домашни банки
„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка


Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)
Домашни банки
„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село


По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје