Домашни банки
Шпаркасе Банка Македонија од четврток (03.06.2021 година) започнува со исплата на парични права од социјална и детска заштита за месец мај


Шпаркасе Банка Македонија ги информира своите почитувани клиенти дека од 03.06.2021 година (четврток), паричните исплати за паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита за месец мај, ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички.
Останатите корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во експозитурите на Банката согласно воспоставен распоред по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:
- На 3 јуни (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- На 4 јуни (петок) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!
Од банката препорачуваат средствата кои се на располагање на трансакциските сметки, клиентите да ги подигнуваат со дебитните картички преку банкоматите на Шпаркасе Групацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA.
За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица користете ги услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.
За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка Македонија упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје