Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија од утре започнува со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги информира своите почитувани клиенти дека од 04.02.2021 година (четврток), паричните исплати за паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита за месец јануари, ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички.

Останатите корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 3 групи во експозитурите на Банката согласно воспоставен распоред по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:

  • На 4 февруари (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
  • На 5 февруари (петок) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Од банката препорачуваат средствата кои се на располагање на трансакциските сметки, клиентите да ги подигнуваат со дебитните картички преку банкоматите на Шпаркасе Групацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA.

За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица, од банката препорачуваат користење на услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка Македонија упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.

Домашни банки

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

Објавено

на

За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Популарно