Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија од вторник (04.05.2021 година) започнува со исплата на парични права од социјална и детска заштита за месец април

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги информира своите почитувани клиенти дека од 04.05.2021 година (вторник), паричните исплати за паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита за месец април, ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички.

Останатите корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во експозитурите на Банката согласно воспоставен распоред по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:

  • На 4 мај (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
  • На 5 мај (среда) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Од банката препорачуваат средствата кои се на располагање на трансакциските сметки, клиентите да ги подигнуваат со дебитните картички преку банкоматите на Шпаркасе Групацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA.

За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица користете ги услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка Македонија упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно