Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија и ЕБОР ја продолжуваат успешната соработка за кредитите за енергетска ефикасност

Објавено

на

Денес, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон, Шпаркасе Банка Македонија и Европската банка за обнова и развој потпишаа два договора во вкупен износ од 5 милиони евра, за продолжување на соработката во финансирањето на станбени кредити и поддршка на инвестициите во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за зградите во приватна сопственост, вклучувајќи и објекти за домување во Северна Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија уште во 2018 година ги препозна предностите и придобивките од финансирањето на проектите за подобрување на енергетската ефикасност во Северна Македонија и генерирање енергетски заштеди на локалниот пазар. Еко-кредитите за унапредување на енергетската ефикасност ги интегрираат придобивките за домаќинствата, добавувачите на енергетско-ефикасни технологии, како и за заштита на животната средина, која е во фокусот на стратегијата за корпоративна општествена одговорност на Шпаркасе Банка Македонија.

Како пионери во промовирањето на зелената економија сме особено задоволни од досегашната соработка со Европската банка за обнова и развој, како и од постигнатите резултати преку финансирање на проектите за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата, како и за унапредување на конкурентноста на малите и средни компании во Република Северна Македонија. Преку овие програми на ЕБОР, ние препознавме голем потенцијал за создавање енергетски и финансиски заштеди, кои ја подобруваат благосостојбата на нашите сограѓани, но и на македонската економија во целина“ – изјави г. Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија. 

Денес ја имам привилегијата да потврдам дека соработката со ЕБОР продолжува и во наредните години. Македонските домаќинства имаат сигурен партнер за создавање енергетско-ефикасни домови, со имплементација на технолошки напредни решенија и ултимативно, создавање почиста животна средина за сите. Со еко-кредитите реализирани со Програмата за поддршка на финансирање на зелената економија (GEFF), корисниците добиваат не само кредит со одлични услови, туку и можност за грант до дури 20% од износот на инвестицијата“ – изјави г-а Викторија Јовановска, директор на Секторот за управување со физички лица.  

Шпаркасе Банка Македонија континуирано и посветено работи на промовирање проекти за заштита на животната средина, како еден од најважните делови од стратегијата за општествена одговорност, која цели кон создавање трајни вредности и позитивно влијание врз општеството. 

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од сеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Домашни банки

Силк Роуд Банка го промени работното време на експозитурата во Куманово

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите клиенти на банката физички и правни лица од Куманово дека поради новонастанатата ситуација во Куманово и одлуката на Владата за забрана на движењето на населението (полициски час), почнувајќи од 06.04.2020 година (понеделник), експозитурата ќе работи со скратено работно време и тоа од 08:30 до 14:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка го промени работното време на експозитурите

Објавено

на

Во согласност со моменталната ситуација на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на клиентите и вработените, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури почнувајќи од понеделник 06.04.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица

Објавено

на

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ („Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.3.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.3.2020 година), а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, ТТК Банка АД Скопје на ден 3.4.2020 година објави: (more…)

Продолжи со читање

Популарно