Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Шпаркасе Банка: Како до енергетско-ефикасни технологии во домот со враќање на 20% од инвестицијата?

Објавено

на

Шпаркасе банка преку ГЕФФ Програмата на ЕБОР овозможува до 20% поврат на инвестицијата во енергетски ефикасни домови.

Програмата  за финансирање на енергетска ефикасност ГЕФФ (GEFF), која пред неколку месеци во Македонија ја лансираше Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) веќе ги дава првите резултати. Проектот „тежок“ 85 милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност во домовите, се очекува да допре до 29.000 домаќинства во цел Западен Балкан.

Клучната цел на оваа програма е да им помогне на домаќинствата да бидат на повисоко ниво на енергетска ефикасност, да ја намали емисијата на гасови и да ја подобри удобноста на животот.

Игор Панчевски, технички експерт за Македонија и Косово на проектот ГЕФФ вели дека оваа кредитна линија можат да ја користат сите оние кои градат нови фамилијарни куќи или ги реновираат своите станови или куќи.

– Овој проект претставува кредитна линија со субвенција до 20% и неговата намена е исклучиво за домаќинствата, поточно за физички лица.

Проектот ќе се спроведува во следните 3 години, до 2021 година. 

Во програмата се вклучени 11 технологии и преку 3.000 производи кои се високо ефикасни. Сите производи беа подложни на претходни верификации каде мораше да ги исполнат одредените технички критериуми зададени од ЕБОР. Овие производи се внимателно одбрани и со помош на фирмите кои ги продаваат во Македонија истите се внесени во Селекторот на технологиja кој претставува он-лајн каталог на производи.

Секое заинтересирaно физичко лице пред да инвестира треба да провери дали производот во кој сака да инвестира е претходно одобрен од програмата и дали постои во Селекторот на технологија. Доколку производот постои, може да провери кои фирми го продаваат истиот и да набави про-фактура од нив. Про-фактура за производот може да биде набавена и од фирма која не е прикажана на веб страната. Потоа со про-фактурата се оди во една од двете банки, партнери на Програмата и се аплицира за ФЕФФ кредитната линија.

Кои интервенции во домаќинствата се прифатливи за инвестиција во рамки на EБОР ГЕФФ?

– Со проектот се поддржуваат вкупно 11 технологии, во кои домаќинствата можат да инвестираат. Поддржани се: топлинска изолација на ѕидови, под или кров; замена на прозори и врати; нов котел или печка на пелети; топлински пумпи; сончеви колектори за топла вода; фотоволтаични панели за производство на електрична енергија; осветлување; вентилација и акумулациони бојлери за топла вода.

Што всушност значи терминот енергетски ефикасни технологии?

– Терминот енергетско ефикасни технологии се користи во сите индустрии каде имаме трансформации на еден вид на енергија во друг. Во однос на GEFF програмата во Македонија, терминот енергетско ефикасни технологии за згради би рекол дека опфаќа три поголеми групи.

Енергетско ефикасни технологии со кои се обезбедува снабдување со енергија (електрична, топлинска и ладилна) во домот.Овде спаѓаат котлите на пелети, топлинските пумпи, сончевите колектори за топла вода, фотоволтаичните панели  и др. слични производи.  Терминот енергетско ефикасни, кај овие технологии значи дека овие уреди обезбедуваат исти услови но помалку трошат и повеќе заштедуваат од неефикасните производи. Пример: Еден енергетско ефикасен котел на пелети ќе потроши помала количина на пелети, а ќе го згрее домот на иста температура како и помалку ефикасниот котел.

Енергетско ефикасни технологии со кои се задржува топлината во домот. Во оваа група влегуваат изолациските материјали (стиропор, минерална волна и сл.), прозорите и вратите.  Терминот енергетско ефикасни, кај овие производи означува дека имаат поголема способност да ја задржат топлината во нашите домови, со што се овозможува поголема заштеда на електрична енергија, пелети или друг енергенс со кои се затоплуваме.

Енергетско ефикасни технологии во апарати за домаќинства и осветлување. Во оваа група спаѓаат фрижидери, климатизери, бојлери за топла вода, машини за перење алишта, светлики и останати уреди.

Терминот енергетско ефикасни, кај овие производи означува дека истите трошат помалку енергија и пари, а ја испорачуваат истата услуга.

Пример е очигледен кај ЛЕД осветлувањето каде денес имаме ЛЕД сијалица од 12 вати, која ја менува стандардната сијалица од 100 вати. Ова значи дека ЛЕД осветлувањето троши околу 8 пати помалку енергија и пари од стандардното осветлување (со вжарено влакно).

Најинтересниот дел од проектот е секако грант компонентата. Објаснете ни како се пресметува грантот кој може да биде од 15-20% од вкупната вредност на инвестицијата?

– Да, проектот обезбедува поврат до 20% од вкупната вредност на инвестицијата. Доколку инвеститорот инвестира само во една технологија (пр. само изолација на фасада, или само промена на прозори) тогаш како поврат му следат до 15% од вкупната инвестиција. Доколку инвеститорот инвестира две или повеќе технологии, повратот е до 20% од вкупната инвестиција. Во вкупната инвестиција влегува покрај самиот производ и трошоците за негово инсталирање и работната рака. Точниот износ на грантот, инвеститорите може да го проверат и пред инвестицијата, преку банките доколку ги донесат про-фактури/понуди за идната инвестиција.

Што треба да направи секој заинтересиран за програмата на EBRD GEFF? Како да аплицира?

Апликацијата започнува со проверка дали производот кој сакате да го купи е одобрен од GEFF програмата како високо ефикасен. Проверката се прави во Селекторот на технологии.

Доколку производот постои во Селекторот, тогаш инвеститорот набавува про-фактура/понуда од било која фирма и со истата оди во една од банките партнери на програмата и се аплицира за ГЕФФ кредитната линија.

Доколку банката го одобри кредитот на клиентот, следува имплементација на мерката т.е. инсталација на производот. Кога ќе се заврши со инсталацијата на мерката, клиентот ја известува банката, а тимот на ГЕФФ ќе изврши верификација на трошоците и инсталираната опрема. После успешна потврда се прави пресметка за грант и истиот се префрла на трансакционата сметка на инвеститорот.

Една од банките партнери во програмата на EBОР ГЕФФ e Шпаркасе банка Македонија. За да добиеме појасна слика за процесот на аплицирање за кредит, разговаравме со Викторија Јовановска, директор на Сектор управување со физички лица.

Како директен учесник во проектот, Шпаркасе банка Македонија на домаќинствата кои сакаат да инвестираат во енергетско ефикасни производи и технологии им одобрува ЕКО кредити со преференцијални услови, каде како дополнителна стимулација за клиентите е можноста за поврат на дел од инвестираните средства во форма на инвестициски грант. Нудиме два типа на ЕКО кредити со идентични поволни каматни стапки. Станува збор за потрошувачки кредит со максимален износ до 20.000 евра и рочност до 10 години, како и за хипотекарен кредит со максимален износ до 50.000 евра и рочност до 20 години. При аплицирање за производите како дел од стандардниот сет на документација, клиентите поднесуваат во Банката и про-фактура за набавка на енергетскиот производ издадена од страна на компанијата која го продава.

Шпаркасе банка Македонија има улога да овозможи директна финансиска поддршка и советување, но и да се погрижат за поврзување на компаниите со потенцијалните клиенти, потврдувајќи ја на тој начин својата определба за корпоративна општествена одговорност. Во таа насока, исклучително е значајна општествената компонента на проектот поради долгорочните бенефити за заштитата на животната средина и заедницата во која живееме и делуваме.

Домашни банки

ПроКредит Банка со нова локација на Зона 24/7 Ново лисиче

Објавено

на

ПроКредит Банка ги известува своите клиенти за релокација на Зона 24/7 во Ново Лисиче. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Дијана и Емилија најдобри банкарски службеници во Еуростандард банка за 2019 година

Објавено

на

По повод Светскиот ден на штедење кој беше одбележан од страна на Македонската Банкарска Асоцијација и Фондот за осигурување на депозити, беа прогласени најдобрите банкарски службеници за 2019-та година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за 9 месеци во 2019 година

Објавено

на

Во периодот 1.1.-30.9.2019 година фокусот во работењето на Стопанска банка а.д. Битола беше насочен кон воведување конкурентни депозитни производи, наплата на достасано кредитно портфолио, зајакнување на депозитното јадро и контрола на оперативните трошоци од работење, со што директно се делуваше во насока на остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2019-2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange