Домашни банки
Шпаркасе Банка и Пакомак ги наградуваат Најеколошките општини


Скопската Општина Карпош е победник на „Изборот за Најеколошка општина“ за 2020 година, преку конкурсот кој традиционално го распишуваат Пакомак и Балкан еко институт. Покрај Карпош како победничка општина, помеѓу трите најеко општини се најдоа уште Општина Кочани и Општина Крива Паланка. Сите три општини ќе бидат наградени од страна на Пакомак и Шпаркасе Банка за нивните исклучителни резултати постигнати во текот на минатата година.
Финалното оценување на конкурсот беше спроведено преку неколку претходно пропишани критериуми, меѓу кои: количината на собран селектиран отпад од пакување, од домаќинствата, деловните субјекти и училиштата, број на нови контејнери за селекција на отпад поставени на јавните површини, висината на средства во општинскиот буџет предвидени за екологија во тек на 2020 година, бројот на реализирани еко-проекти и бројот на јавни кампањи спроведени од општината за подигање на свеста за екологијата. Во предвид беа земени резултатите постигнати до 31.12.2020 година.
Општините Карпош и Кочани како прво и второ рангирани општини ќе добијат детски игралишта изработени од еколошки матерјали, а Општина Крива Паланка како треторангирана ќе добие садници.
Традиционалниот конкурс за Најеко општина кој го распишува Пакомак заедно со Шпаркасе Банка има за цел да ги мотивира општините и локалните управи активно да работат кон обезбедување на здрава и чиста животна средина, но и да ги награди оние кои се истакнуваат во тој поглед. Сите награди и донации кои ги добиваат најдобро рангираните општини се во корист на заедницата, наменети за обновување и збогатување на локалната инфраструктура.
Домашни банки
Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green


Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. (more…)
Домашни банки
УНИБанка: Известување за Експозитура Лептокарија


УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитура Лептокарија започнувајќи од 15.08.2022г. (понеделник) ќе биде привремено затворена поради реновирање. (more…)
Домашни банки
УНИ Банка ќе издаде нова емисија на Перпетуална обврзница на износ од 2,5 милиони евра


УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје