Домашни банки
Шпаркасе Банка: Известување за ажурирање на податоци на клиенти, физички и правни лица


Шпаркасе Банка Македонија во согласност со важечката законска регулатива ги повикува своите клиенти, физички и правни лица, кои имаат сметки во Банката и кои од 01.04.2020 година не направиле ажурирање на податоците, најдоцна до 31.03.2021 година да ги ажурираат истите во најблиската експозитура. По истекот на наведениот рок, работењето со сметките не ќе може непречено да се одвива, се до моментот на ажурирање на податоците на клиентот во Банката.
Ажурирањето на податоците се врши со пополнување на Апликација за регистрирање на клиент. За потврдување на идентитетот, клиентот, физичко или правно лице, треба да носи валидни документи за идентификација (важечка лична карта или пасош за резиденти физички лица, пасош за нерезиденти физички лица, тековна состојба не постара од 1 месец за правни лица), како и соодветна документација за утврдување на вистинскиот сопственик за правни лица.
Ажурирањето на податоците е во интерес на клиентите, бидејќи Банката ќе биде во можност да донесе издржана одлука базирана на валидни информации по однос на барањата на клиентите. Исто така, Банката ќе може навремено и на точни адресни податоци да ги испраќа месечните извештаи, соопштенија и дополнителни материјали со кои се олеснува соработката меѓу клиентите и Банката.
Домашни банки
МБА ја поддржа Одлуката на Народна банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците


На 03.03.2021 се одржа седница на Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација (МБА), на која беше разгледана Одлуката на Советот на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците. (more…)
Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје од денес започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита


Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека денес, 04.03.2021 (четврток)изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички,средствата се веќе достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка од денес започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита


НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати денес, 4– ти март. (more…)
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 3 hours
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје