Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка започна со предвремена исплата на мартовските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите драги клиенти – пензионери дека пензиите за месец март 2023 година ќе се исплаќаат од 28.03.2023 година (вторник) за сите корисници на пензии кои имаат картички.

Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од Шпаркасе Банка препорачуваат да ја користите широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

  • Во вторник, 28.03.2023 год, ќе се ислатат пензиите со износ до 11.000 денари;
  • Во среда, 29.03.2023 год,  ќе се исплатат пензиите од 11.001 до 14.000 денари;
  • Во четврток, 30.03.2023 год, ќе се исплатат пензиите од  14.001 до 18.000 денари;
  • Во петок, 31.03.2023 год, ќе се исплатат пензиите над 18.001 денари.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак клиентите се одлучат да ги подигнат средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, од Шпаркасе Банка АД Скопје замолуваат за придржување кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Популарно