Домашни банки
Шпаркасе Банка започна со исплата на парични права од социјална и детска заштита за месец декември


Шпаркасе Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од денес (03.01.2022 година), започна со исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита (сите парични прaва).
Со дебитните картички корисниците на паричната помош ќе можат да располагаат со средствата од денес (03.01.2022 година), а за останатите кои не користат дебитна картичка ќе можат да ги подигнат средствата во готовина преку шалтер во експозитурите на Банката по дадениот редослед според првата буква од презимето:
- На 03.01.2022 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- На 04.01.2022 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Подигнувањето на готовина од Банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!
Од банката препорачуваат средствата кои се на располагање на на трансакциските сметки, клиентите да ги подигнуваат со дебитните картички преку банкоматите на Шпаркасе Групацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA.
За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица користете ги услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banka.
За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка АД Скопје упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.
Домашни банки
Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип


Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)
Домашни банки
Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ


Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење. (more…)
Домашни банки
Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“


Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улиците. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје