Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка започна со исплата на парични права од социјална и детска заштита

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги информира своите почитувани клиенти дека од денес, 05.10.2020 година (понеделник), паричната помош од социјална и детска заштита за месец септемри ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички.

Сите корисници на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитни картички, ќе располагаат со средствата преку банкоматите и во трговската мрежа од понеделник, 05.10.2020 година.

Останатите корисници на социјална и детска заштита кои не користат картички ќе може да го направат тоа во експозитурите на Банката согласно воспоставен редослед по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:

  • На 5 октомври (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
  • На 6 октомври (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
  • На 7 октомври (среда) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Од банката препорачуваат средствата кои се на располагање на трансакциските сметки, клиентите да ги подигнуваат со дебитните картички преку банкоматите на Шпаркасе Групацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA.

За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица, од банката препорачуваат користење на услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка Македонија упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.

Домашни банки

Со онлајн апликација побрзо до трансакциска сметка и дебитна картичка од Комерцијална банка

Објавено

на

Сега веќе едноставно и брзо можете онлајн да отворите трансакциска сметка и да добиете дебитна картичка од Комерцијална банка. Поднесете го барањето онлајн, преку веб страницата на Банката, а Комерцијална банка ќе ви отвори сметка и ќе ја изработи дебитната картичка што вие ќе ја изберете.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Судот им го отежнува патот до правдата на акционерите на Стопанска Банка Скопје

Објавено

на

Координативното тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје до редакцијата на Банкарство достави отворено писмо преку кое имаат за цел да ги остварат своите акционерски права. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Колку чекори се потребни за подарок е-ваучер во вредност од 1.000 денари?

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во соработка со Visa International доделува вредносен е-ваучер на износ од 1.000 МКД за секоја онлајн апликација за платежна картичка од брендот Visa преку Sparky Viber Chat асистентот во само три чекори: (more…)

Продолжи со читање

Популарно