Connect with us

Странски банки

Шпаркасе банка добива екслузивно право да издава картички на Дајнерс Клуб!?

Објавено

на

Шпаркасе банка потпиша договор за купување на “Erste Card”, која во Словенија има ексклузивно право да издава картички на Дајнерс Клуб и да склучува договори за прифаќање картички на продажните места, пренесува „Bonitet.com”.

Трансакцијата ќе биде завршена по добивањето дозволa од надлежните регулатори.

“Erste Card” на тој начин ќе стане дел од групацијата Шпаркасе во Словенија и промената на сопственоста нема да донесе никакви промени кај сопствениците на картички.

Дајнерс Клуб е најстарата меѓународна платежна картичка во светот, користена од милиони сопственици.

Јирген де Рујтер, член на управниот одбор на хрватски „Erste Card Club”, изјави дека “Erste Card” Словенија изградила и одржувала статус на важен и успешен играч на словенечкиот пазар на кредитни картички.

„Убедени сме дека “Erste Card” Словенија ќе ги продолжи успешните операции со силна поддршка од својот нов сопственик“, изјави Јирген де Рујтер.

Томас Јуркович, член на менаџментот на Шпаркасе банка во Словенија, нагласи дека интегрирањето на “Erste Card” во Шпаркасе групацијата во Словенија е важен и позитивен чекор.

Странски банки

ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање

Објавено

на

Во Централна, Источна и Југоисточна Европа побарувачката за кредити е зголемена и пристапот до кредити е олеснет, но подобрувањата првенствено се однесуваат на физички лица, а не на стопанството, покажува новата студија на Европската инвестициска банка. Истражувањето укажува на позитивни трендови во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа Во последните шест месеци состојбата кај проблематичните кредити е подобрена, но не се очекува ваквото подобрување да продолжи и во наредните шест месеци, што укажува на одредена неизвесност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ: Наскоро ќе заврши силниот раст на цените во еврозоната

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) верува дека инфлацијата го достигнала врвот во ноември, што значи дека би било прерано да се зголемат каматните стапки бидејќи растот на цените веројатно постепено ќе забави следната година, рече членката на одборот Изабел Шнабел. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Инфлацијата во еврозоната може да изврши притисок врз Европската централна банка

Објавено

на

Еврозоната моментално е во најбрзoрастечката инфлација од воспоставувањето на единствената валута кон крајот на 20 век, велат економистите. (more…)

Продолжи со читање


Популарно