Домашни банки
Шпаркасе Банка го намали месечниот надоместок за одржување на трансакциска сметка за физички лица

Во услови за справување со пандемијата која ја предизвика коронавирусот КОВИД-19, одржувањето на економската стабилност и благосостојба на сегашните и идни клиенти претставува врвен приоритет за менаџментот во Шпаркасе Банка Македонија. Особено за сегментот население, кој во овој период е фокусиран првенствено кон заштита на сопственото здравје и обезбедување на потребната сигурност, овозможуваме поддршка со намалување на месечниот надоместок за одржување на трансакциската сметка за 50%, со важност од 18 август 2020 година.
Во текот на промотивниот период, кој ќе трае заклучно со 15 ноември 2020 година, за сите ново-отворени трансакциски сметки Банката ќе пресметува надоместок од 15 МКД месечно. Клиентот ќе може да ја користи оваа поволност во траење од вкупно три месеци, почнувајќи од месецот во кој е отворена трансакциската сметка. По истекување на промотивниот период ќе важи редовниот месечен надоместок за одржување на сметка согласно важечката Одлука за надоместоци (тарифи) на Банката.
Поради препораките за намалување на ширењето на коронавирусот КОВИД-19, ги упатуваме клиентите да ги користат дебитните картички за подигнување на готовина преку достапната проширена мрежа од околу 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата во Северна Македонија, како и да плаќаат безготовински при пазарење кај трговците. Честите посети во експозитурите клиентите можат да ги заменат со вршење на брзи и едноставни плаќања од мобилен уред, таблет или компјутер преку користење на апликациите: NetBanking за еле
Од неодамна Шпаркасе Банка Македонија воведе нов канал за директна комуникација со своите нови и постојни клиенти преку официјален Viber Chat асистент „Sparky“, преку кој го олесни начинот на комуникација на вработените со клиентите. Апликацијата Viber, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање.
Останете безбедни и грижете се за Вашето здравје!
Домашни банки
Откријте ги сите придобивки од трансформацијата на вашиот паметен телефон во паричник

Во денешниот свет, паметните телефони станаа суштински дел од нашите животи. Ги користиме за да комуницираме, да фотографираме, да гледаме видеа, да купуваме онлајн. Но, дали сте знаеле дека вашиот смартфон можете да го користите и како паричник? Со развојот на технологијата за мобилно плаќање сега можеме да го користиме паметниот телефон за сигурни трансакции кај трговците кои користат ПОС-терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. (more…)
Домашни банки
Атрактивна кредитна понуда од Комерцијална банка на Саемот на мебел

Уредувањето на домот е вистинско уживање кога на едно место добивате богата понуда на мебел и атрактивни кредитни производи. Токму тоа ви го овозможуваат Комерцијална банка и Скопски саем на претстојниот Саем на мебел, кој се враќа со целата своја атрактивност и со саемските попусти. (more…)
Домашни банки
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

На 17 март, со потпишувањето на два договори за купопродажба на акции меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светската банка, се постави основата за промена на составот на главната акционерска база на ProCredit Holding AG & Co. KGaA (ПроКредит Холдинг). (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка