Домашни банки
Шпаркасе Банка го воведува UnitLinked во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје


Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WVP, го збогатува своето портфолио на осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Unit Linked, кој нуди животно осигурување со инвестирање.
УНИТ Линкед е производ наменет за клиенти кои сакаат да бидат животно осигурани, но истовремено и да инвестираат во инвестициски фондови и да остварат принос на вложените средства.
За целото времетраење на договорот, клиентот има животно осигурување на договорената сума која клиентот сам ја избира, а по истекот на договорот, се исплаќа вредноста на инвестициското портфолио.
„Користејќи ги придобивките од експертизата на Шпаркасе Банка во банкарското осигурување, акумулираното знаење на осигурителна компанија Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје и високоприносната стратегија на WVP инвестицискиот фонд, ја креиравме атрактивната Унит Линкед понуда за нашите клиенти. На клиентите им нудиме уникатна можност да бидат осигурени, а во исто време да инвестираат на меѓународна берза и да остварат атрактивен принос преку професионално управување со средствата од страна на инвестицискиот фонд WVP. Истовремено клиентите имаат и можност да станат индиректни акционери во странски познати компании како што се Apple, BMW, Daimler, Nestle, L’Oreal, Amazon и други. Шпаркасе банка континуирано работи на креирање на атрактивни понуди од областа на банкоосигурувањето и следење на сите најнови трендови во оваа област”, изјави Санел Кустурица, Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
“Навистина сме горди што Винер Лајф во соработка со ВФП Фонд Менаџмент го пласираше производот Лајф Инвест (Unit Linked) со што стана прва компанија во Македонија која понуди Unit Linked производ за осигурување на живот. Среќни сме што Шпаркасе одлучи токму овој производ да го понуди на своите клиенти пред се како средство за осигурување од несакани ризици, но исто така и како алтернативен начин на инвестирање. Unit Linked осигурителните производи каде што спаѓа и Лајф Инвест се производи кој имаат најголем пораст во продажбата во последните 5 години. Нудат можност за инвестирање во портфолио сочинето од странски компании со висок рејтинг а во исто време поркиваат и ризик од смртен настан како и покритие од дополнителни ризици кои клиентот може да ги вклучи во зависност од неговите желби и потреби.
Наша цел е заедно со Шпаркасе Банка да на Македонските граѓани да им понудиме производ со исти квалитети како и во развиените европски земји, притоа задржувајки ја целосната транспарентност кон клиентите.”, изјави Дарко Дедиќ, Претседател на Управниот одбор на Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје.
Клиентите, согласно своите можности и потреби, го избираат износот на осигурената сума, како и висината на инвестициската компонента. Притоа, клиентите добиваат годишен извештај за состојбата на нивните вложувања во инвестицискиот фонд, како и можност за постојан увид (преку веб страната на Винер Лајф https://winnerlife.mk/mojasmetka/login.php) во нивното инвестициско портфолио.
УНИТ Линкед животното осигурување е достапно за сите клиенти на возраст од 14 до 65 години, плаќањето може да биде годишно и месечно, при што минималниот период на осигурувања со вложување на удели во инвестициски фондови изнесува 10 години, а минималната годишна премија изнесува 300 ЕУР во денарска противредност.
Подетални информации за УНИТ Линкед- животно осигурување со ивестициска компонента како и за инвестициските фондови може да се најдат на веб страните https://winnerlife.mk/proizvodi/life-invest/ и wvpfondovi.mk/mk/wvp-premium-invest/
Депозити
Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка


Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)
Домашни банки
„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка


Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)
Домашни банки
„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село


По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје