Connect with us

Електронско банкарство

Шпаркасе Банка ги претстави Sparky, новиот Viber Chat асистент и Sparkasse Viber Community

Објавено

на

Во услови кога светот се справува со една од најголемите пандемии што досега се појавиле во човештвото, Шпаркасе Банка Македонија воведе нов канал за директна комуникација со своите нови и постојни клиенти преку официјален Viber Chat асистент „Sparky“.

Како една од мерките за поголема заштита на граѓаните од евентуално заразување и ширење на коронавирусот ковид-19, Банката ја разви оваа алатка со која го олесни начинот на комуникација со нашите вработени. Апликацијата Viber, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање. 

Глобалната пандемија придонесе банките со забрзано темпо да го прилагодат своето работење и опслужување на клиентите преку засилена дигитализација и користење на електронските канали како главни канали за извршување на потребните банкарски операции. Прилагодувањето кон промените што ги донесе пандемијата е предизвик за секоја организација и треба да го најде вистинскиот модел за комуникација и за опслужување на клиентите, а без притоа да го намали корисничкото задоволство. Нашиот „Sparky“ Viber асистент ја има улогата да им го овозможи на клиентите директниот контакт со нашите вработени преку видеоповици и директни одговори на прашања на мобилниот телефон, со што ќе се намалат физичките посети во експозитурите и ќе придонесеме за зачувување на општото здравје во заедницата.“ – изјави г-ѓа Викторија Јовановска, директор на Секторот за управување со физички лица на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Преку Sparkasse Viber Community (заедницата) клиентите редовно ќе ги добиваат информациите за промотивните кампањи на Банката, како и важните известувања од значење за корисниците на нејзините услуги. Станете дел од нашата Шпаркасе „заедница“ на следниот линк. 

Електронско банкарство

Асоцијација за е-трговија: Секојдневно во земјава се отвораат по 2 нови онлајн продавници!

Објавено

на

Е-трговијата во земјава е во пораст, зголемување бележат реализираните онлајн нарачки и купувњаа во текот на првите шест месеци од годинава за 36 отсто во однос на тој период лани. Забележителен трицифрен пораст има и на трговијата кон домашните е – продавници. Според објавените податоци на Народната банка, во овој период реализирани се вкупно 4.300.584 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 3.161.899 онлајн трансакции во текот на првите шест месеци од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Апликацијата мБанка на Комерцијална банка достапна на платформата Huawei AppGallery

Објавено

на

Апликацијата мБанка на Комерцијална банка АД Скопје стана достапна и за корисниците на новите модели мобилни телефони Huawei. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

НЛБ Банка воведува прв и единствен мобилен кредит – мКлик кредит

Објавено

на

НЛБ Банка, преку онлајн настан на социјалните мрежи, денеска промовираше воведување на нова функционалност преку НЛБ мКлик мобилното банкарство- мКлик кредит. Со ова за прв пат на македонскиот пазар, барањето и одобрувањето на кредит на клиентите им станува достапно директно преку мобилен телефон. (more…)

Продолжи со читање

Популарно