Connect with us

Анализи

Шпаркасе банка ги воведе еко-кредитите за унапредување на енергетската ефикасност во соработка со ЕБОР и GEFF

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија во своето портфолио на кредитни производи за физички лица ги воведе новите ЕКО-кредити за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и GEFF во Македонија. Со новата палета на ЕКО–кредитите, Шпаркасе Банка Македонија ја потврдува својата посветеност на реализација на проекти што имаат за цел заштита на животната средина, унапредување на енергетската ефективност кај домаќинствата, а со тоа и да ги потврди заложбите за општествено одговорно банкарско работење.    

Воедно, Шпаркасе Банка Македонија е првата банка во Р. Македонија што стана дел од програмата на ЕБОР и GEFF, преку кои ја пласира новата кредитна линија во износ од 2 милиона евра наменети за унапредување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Дополнително, во изминатиот период Банката ја пласираше и кредитната линија од ЕБОР во износ од 3 милиона евра наменети за финансирање на станбеното кредитирање. Кредитите за унапредување на енергетската ефикасност веќе се достапни во експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија и со своите поволности им овозможуваат на граѓаните и поврат на инвестициските средства во висина од 15% до 20% од инвестициската вредност на прифатливиот проект.

Доколку кредитот се однесува за набавка на само една технологија, на пример, набавка на прозорци и врати, тогаш клиентот ќе има можност за 15% грант од вкупната вредност на инвестицијата, додека за набавка на две или повеќе технологии, на пример покрај прозорци и врати се инвестира и во топлински пумпи, тогаш инвестицискиот грант ќе изнесува 20% од износот на кредитот. При позитивна одлука, дека наменско одобрените средства се соодветно искористени, Шпаркасе Банка Македонија ќе изврши поврат на вложените средства до максимално дефинираниот износ на грантот на трансакциска сметка на клиентот.

„Се надеваме дека со новата понуда на ЕКО-кредитите ќе ги стимулираме граѓаните да започнат проекти за подобрување на енергетската ефикасност на нивните домови, со искористување на поволностите што им ги овозможува оваа кредитна линија од ЕБОР, со крајна цел за заштита на животната средина и поттик на инвестициите во енергетски ефикасни проекти и производи“, изјави Викторија Јовановска, директор на Секторот за управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија.

Заинтересираните клиенти на Шпаркасе Банка Македонија, физички лица, ќе можат да аплицираат за најновите ЕКО-кредити во експозитурите на Банката по следните услови:

  • Намена на кредитот: финансирање енергетско ефикасни производи во домаќинствата
  • Износ: до 50.000 ЕУР;
  • Рок на отплата: до 20 години;
  • Каматна стапка: почнувајќи од 5,70% фиксна за првите 3 години, а потоа променлива почнувајќи од 5,90%.

За повеќе информации за технологиите што се прифатливи, посетете го Селекторот на технологии http://technology-mk.ebrdgeff.com/ каде што можете да ги пронајдете и сите неопходни информации за чекорите што треба да ги преземе клиентот во понатамошната постапка.

Повеќе информации за поволностите на ЕКО-кредитите се достапни на веб-страницата на Банката на следниот линк, како и во сите експозитури низ државата.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 6.400 вработени и 500 експозитури и регионални центри опслужува околу 2,5 милиони клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Македонија и до денес има инвестирано повеќе од 1,6 милијарди евра во над 100 проекти во земјата. Целта на ЕБОР е преку програмата GEFF да создаде пазари за самостојно одржување на побарувачката за инвестиции во технологии со високи перформанси, со цел подигнување на свеста за модерните стандарди за енергетски перформанси.

Green Economy Financing Facility (GEFF) е програма развиена од ЕБОР и поддржана со извор на грантови од Европската Унија, со цел да се финансираат иницијативи и проекти на кредитокорисници што ги исполнуваат соодветните услови и од други донатори, какви што се австриското Министерство за финансии и Western Balkan Investment Framework.

Анализи

Amazon ќе го прошири уделот на пазарот во САД

Објавено

на

Според ново пазарно истражување приходите на американската технолошка компанија Amazon во САД ќе се зголемуваат во текот на оваа година со 30%  и ќе достигнат речиси 260 милијарди долари.

Компанијата за пазарни анализи на eMarketer, која ја разгледува продажбата на категории на производи, проценува дека приходите на концернот во САД од е-трговија ќе достигнат 258,2 милијарди долари.Тоа значи дека се очекува Amazon да освои речиси половина од американскиот пазар за електронска трговија до крајот на 2018-та година (49,1%), тврдат од  eMarketer. Компанијата заврши во 2017-та година со околу 44% удел на пазарот.

На второ место не е Walmart, како што некои би можеле да очекуваат, туку eBay, според истражувањето на eMarketer. Се очекува eBay да ја заврши годината со удел од околу 6,6% од американскиот пазар за електронска трговија, Apple ќе држи 3,9%, а на „Walmart“ ќе отпаднат едвај 3,7%. Следуваат „Home Depot“, „Best Buy“, „QVC Group“, „Macy’s“, „Costco“ и „Wayfair“.

Исто така е изненадувачки фактот дека пазарот на Amazon расте – т.н. Marketplace е платформа за e-трговија, која е во сопственост и е управувана од „Amazon“ и која им овозможува на продавачи од трети страни да тргуваат, наместо купувачот да купува еден од сопствените брендови на „Amazon“.

Продажбата генерирана од пазарот, ќе биде повеќе од два пати над директна продажба на Amazon во САД до крајот на годината, вели eMarketer. До 2019-та година, продажбата ќе генерира повеќе од 70% од севкупниот бизнис на е-трговија на Amazon.

Продолжи со читање

Анализи

Доларот јакне, инфлацијата во САД во пораст

Објавено

на

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте светски валути, минатата недела се зголеми за 0,8 проценти, односно на 94,74 поени, што е највисоко ниво во последните две недели.

На меѓународните пазари вредноста на доларот во однос на другите валути минатата недела се зголеми значително, бидејќи САД ги зајакнаа инфлациските притисоци, па повторно заживеаја шпекулациите дека Банката на федерални резерви до крајот на годината може да ги зголеми каматните стапки уште двапати.

Цената на американската валута, исто така, скокна за 1,7% во однос на јапонскиот јен, на 112,35 јени. Доларот, исто така, зајакна и во однос на европската валута, па стапката на еврото се намали за 0,5 отсто на 1,1685 долари.

Продолжи со читање

Анализи

Златните резерви на моќните држави

Објавено

на

Ако ги рангираме топ 10 најдобрите централни банки во светот нема да забележиме голема промена од година во година. Но, тоа што ќе го забележиме како промена е големината на нивните резерви. Сепак, ниту една држава не може да го надмине САД.

Шест години по ред пак Русија е најголемиот купувач на злато, и нејзините резерви веќе надминуваат 220 тони, претекнувајќи ја Кина, која е на петтото место, покажува истражувањето GFMS Gold Survey.

Земјите со најголеми резерви на злато во првите месеци од 2018 година:

1. САД – 8133,5 тони / 75,2% од резервите на земјата;

2. Германија – 3371 тони / 70,6% од резервите на земјата;

3. Италија – 2451,8 тони / 67,9% од резервите на земјата;

4. Франција – 2436 тони / 63,9% од резервите на земјата;

5. Русија – 1909,8 тони / 17,6% од резервите на земјата;

6. Кина – 1.842,6 тони / 2,4% од резервите на земјата;

7. Швајцарија – 1040 тони / 5,3% од резервите на земјата;

8. Јапонија – 765,2 тони / 2,5% од резервите на земјата;

9. Холандија – 612,5 тони / 68,2% од резервите на земјата;

10. Индија – 560,3 тони / 5,5% од резервите на земјата;

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange